Отклучете ги методите во организмот со кои ќе научите сами да се лекувате!

Постојат седум начини да го натерате телото да почне само да се лекува. Во продолжение може да прочитате кои се тие.1. Вие секогаш ja имате моќта да сe излечите себеси.
Во физичкото тело се утврдени механизми за лекување – тоа е опремено со заштитен систем кој не пропушта внатрешни и надворешни патогени. Во механизмот на телото е предвиден процес за саморегенерирање, преку создавање на нови клетки секојдневно. Ние можеме да го запреме овој процес, само ако не веруваме во оваа способност и не му го даваме на организмот она што му е потребно: одмор, правилна исхрана и релаксирање.
2. Само вие можете да се самоизлекувате.
Никој друг нема да го направи тоа за вас. Создавање на тим кој може да помогне во исцелувањето е многу важно – неговите членови можат да ги понудат своите знаења, идеи, различни перспективи и најважното – нивната поддршка. Но, овие луѓе не можат да ве излекуваат – само вие го можете тоа. Тоа е лично патување во самооткривањето и духовната еволуција. Никој не може да ги испита вашите емоции, да разбере како функционира вашиот ум или како да се генерираат вашите мисли. Другите можат да ви помогнат да ги откриете нездравите модели, но нештата можете да ги промените само вие.
3. Прво се лекува душата. По неа се лекуваат умот и телото.
Душата, умот и телото имаат различни потреби и ако добиваат сè што им треба, сите ќе бидат здрави. Но, ако нешто се занемари, се добива нерамнотежа и болестите почнуваат да напаѓаат сѐ. Лекувањето ја обновува врската помеѓу душата, умот и телото. И додека медицината работи претежно со телото, божествената уметност за лекување нè потсетува за потребата да се започне од душата, затоа што таа е изворот на нашето постоење, дава живот во умот и телото. Ако почнеме од тука, сè друго ќе биде направено автоматски. А какви се потребите на душата? Да се живее во радост и со смисла, да се развиваме, да растеме и да ја изразуваме својата мотивација преку мисли, зборови и дела.
4. Само љубовта лекува.
Енергијата на љубовта е исполнета со неверојатна лековита сила. Испратена од вас во секој дел од телото каде што има болка или дефект, љубовта исполнува со исконска сила на душата и умот. Во умот доаѓа до преместување на вниманието од отворањето на проблемот за наоѓање на решение, а душата го „гледа“ болното место и го исполнува со безусловна љубов. Ова чувство живее во сегашноста, точно каде што се случува исцелувањето – не во минатото и не во иднината.
5. Прошката ѝ ослободува место во срцето на љубовта.
Кога срцето ни е исполнето со страв, лутина, тага или очај, во него нема место за топли чувства, без кои е тешко да сме здрави. Љубовта е поврзана со душата, а простувањето – со умот; таа го ослободува емоционалниот набој кој е наполнет со болни мисли – оние кои предизвикуваат однесување на жртва и нѐ тераат да водиме погрешен начин на живот, наместо нормален и исполнет. Простувањето ги отстранува предрасудите во енергетското тело, за да можат информациите во него слободно да се движат и да обезбедат врска со душата, умот и телото за да се сочува здравјето. Со помош на правилни вибрации се елиминираат нездравите напнатости заглавени во `рбетот, труењето со емоционалните празнења во органите, жлездите и мускулите. Таа го активира процесот на лекување и го зајакнува имунолошкиот систем, а ние стануваме помалку подложни на болести.
6. Измени – тоа е единствениот начин на дејствување.
Еволутивно патување – ова е една од промените во животот. Тоа е нешто што потекнува од мисла во мисла. Промените го трансформираат нашето размислување и ни помагаат да се движиме од минатото кон сегашноста и од сегашноста кон иднината.
Првиот чекор во трансформацијата е простувањето, следната е љубов. Кога ние си проштаваме на себе и на оние кои нѐ навредуваат, ние го зголемуваме просторот во твојот ум за нови идеи и го прошируваме срцето за да може да акумулира повеќе љубов.
Кога сме болни, нашата душа, ум и тело сакаат промена. Тие испраќаат сигнали дека нешто не е во ред, дека меѓу нив се загубило единството – и сето тоа се одразува на нашата состојба. Моделот на психо-духовно исцелување е предложено од душата и нè потсетува дека ако се болни нашите мисли, почнува да боледува и нашето тело.
Единствениот начин да ги излечиме е да го промениме своето размислување. „Да живееш – значи да се менуваш; да се менуваш – тоа значи да никнеш; да никнеш – значи секој пат до бесконечност да се создаваш себеси повторно“.
7. Фокусирајте се на она што го сакате, а не на она што не го сакате.
Исцелувањето се совпаѓа со Законот на привлекување: За што размислуваш, таков стануваш. Најдобар начин да проверите дали вашите мисли се здрави е да го анализирате начинот на живот, односите со другите луѓе и здравствената состојба.
Ако она што го откриете како резултат, не е она што го сакате, треба нешто да промените. Има еден заеднички за сите нас хендикеп – порано или подоцна, ние почнуваме да го привлекуваме она што не го сакаме, а не она што го сакаме. Единствениот начин да се запре овој процес – е да го промениме.1. Вие секогаш ja имате моќта да сe излечите себеси.
Во физичкото тело се утврдени механизми за лекување – тоа е опремено

Пронајдете не на следниве мрежи: