Вбризгал крв заразена со ХИВ и тврди дека го има лекот кој го уништува овој вирус!

Контроверзен лекар кој си вбризгал крв од Чарли Шин за да докаже дека познатиот актер е „излечен од ХИВ“, тврди дека неговиот третман со козјо млеко може да го „избрише“ вирусот од организмот.Доктор Самир Чачоа тврди дека може да ја „излечи цела нација“ од ХИВ и сида. Овој човек нема лекарска лиценца во САД, а тврди дека го лекувал и актерот Чарли Шин кој минатата година отворено проговори за тоа дека е ХИВ позитивен.
Неговиот „лек“ се базира на млеко од коза со артритис и тврди дека од тоа вирусот не може да се детектира во крвта на Шин.
Тој тврди дека тн. ЧАЕВ вирус кој е присутен во млекото „го уништува“ ХИВ вирусот и ги штити луѓето до крајот на животот.
Лекарот никогаш не зборува за тоа како неговиот лек делува, ниту пак сака да открие какви научни студии има.

Пронајдете не на следниве мрежи: