Почина пред 19 години, но виден е жив на Куба?!

Гласините за лажирана смрт следат бројни ѕвезди, а најчести меѓу нив се врзани за смртта на музичарите Курт Кобејн и Мајкл Џексон. Но, неколку пати се шушкаше и за тоа дека Тупак Шакур е всушност жив.Токму таа гласина повторно почна да се шири по социјалните мрежи.
Страницата „Reporterz“ објави фотографија на која наводно 2Pac ужива со пејачката Ријана на Куба. Според нив, пејачот – кој денес би имал 44 години, се крие цели 19 години од очите на јавноста.
Но, веднаш се најдоа луѓе кои имаат докази против ваквите тврдења.
Имено, истата фотографија се споделува на социјалните мрежи уште од 2012 година, откако Ријана ја објави на Инстаграм. И секој пат кога ќе почнат луѓето да зборуваат за него, се појавува спорната фотографија.
Reporterz самите себе се опишуваат како страница која објавува вести и забавна содржина, велејќи дека секоја нивната приказна се темели на вистината, но само фактите се малку изменети – што и да им значи тоа. Според нивната објава, 2Pac не е убиен и се крие цело време.

Да потсетиме, Тупак Шакур почина на 13 септември 1996 година во болница во Лос Анџелес, откако недела дена пред тоа бил извршен атентат врз него.
Ниту денес не се познати убијците. Атентатот беше извршен по боксерскиот меч помеѓу Мајк Тајсон и Брус Селдон. Полицаецот Крис Керол, којшто бил во патрола во Лас Вегас на кобниот 7 септември 1996 година, тврди дека ги чул последните зборови на славниот рапер.
„Е** се“ – биле последните зборови на славниот рапер.
Од тој ден постојат луѓе коишто се занимаваат со собирање докази за да потврдат дека славниот рапер е сѐ уште жив.Токму таа гласина повторно почна да се шири по социјалните мрежи.
Страницата „Reporterz“ објави фотографија на која наводно 2Pa

Пронајдете не на следниве мрежи: