НАЈЛУДА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Со светот управува семејство со посебна ДНК, која НЕ ПОСТОИ НА ЗЕМЈАТА – I дел

Членовите на древните крвни лози станувале и денес стануваат претседатели на држави и премиери и се наоѓаат на чело на најважните банкарски и останати институции и организации. Во денешниот прв дел ќе дознаете повеќе кој е Алберт Пајк и на кој начин во светот се создаваат владите, но и најголемите безбедносни организации. Водечкиот теоретичар на заговори Дејвид Ајк објаснува дека постои огромна пајакова мрежа од меѓусебно поврзани и координирани манипулации, масовни убиства и корупција.
„Ме води желбата да сфатам зошто сите овие алтернативни објаснувања,  за тоа кој сме и која е смислата на нашиот живот, не задушуваат, додека верзиите кои ги изнесува „науката“ и религијата даваат потполно слобода на изразување. Сфатив дека постојат размислувања кои ги поништуваат овјаснувањата на „науката“ и религијата, а кои имаат многу повеќе смисла кога станува збор за разрешување на „тајните“ на животот. Зошто тие информации не се достапни за децата и студентите во училиштата и факултетите? Каде се телевизиските емисии за тие теми?“, прашува Ајк.
„Бев вовлечен во повеќегодишно, моше детално и обемно истражување, често работејќи и по 8 часа дневно, со недели, месеци и години“, констратира Ајк.
Просветлени (Илуминати)
„Илуминатите односно Просветлени манипулираат преку своите тајни друштва и здруженија како што се различните масонски ложи, језуити, „Малтешки витези“. Од овие друштва внимателно се бираат луѓе, кои се поставуваат на моќни позиции во целиот свет. Сите членови на тајните друштва не се свесни за постоењето на заговор. Илуминатите функционираат како рак во организмот: внимателно се вовлекуваат и тајно ги набљудуваат другите организации“, вели Ајк.

Според неговите зборови, повеќето слободни ѕидари никогаш не напредуваат подалеку од нивоата од трите најниски степени, односно таканаречен син степен и при тоа не сфаќаат, за која цел се користи нивната организација.
„Тоа го потврди и Алберт Пајк, една од најистакнатите личности во светот на масоните, кој умре во 1891 година“, дополнува Ајк.
Тој истакнува дека 95 проценти од слободните ѕидари не се ни свесни дека тие степени воопшто постојат, кој им припаѓа на нив и што се случува таму.
Ајк напоменува дека сите влади на светот се создаваат на овој начин, како и „безбедносни“ организации како што се ФБИ, ЦИА, Британската тајна служба и др.
„Илуминатите сакаат да создадат светска влада, војска, централна банка и валута, со кои ќе влијаат со чиповано население. Светската влада би требала да ги донесе сите најважни политички, финансиски и воени одлуки и дека во секоја земја треба да се наметне нивното споведување. Денес сме сведоци на создавање на такава структура преку диктатурата на Обединетите Нации, а САД се најважниот носител на ова глобално потчинување. Таканаречената „војна против тероризмот“ е создадена како изговор за напад на било која земја“, објаснува Ајк.
Тој тврди дека тоа со себе носи намалување на трговските бариери, со што на мултинационалните компании им се овозможило својата роба да ја произведуваат во најсиромашните земји од светот, во кои работниците добиваат најниски можни плати. Потоа таа роба ја даваат на „богатиот“ Запад и ја продаваат со срамотно голем профит. 
Во утрешниот втор дел ќе прочитате повеќе за посебната ДНК, како и за кралската лоза – Буш: НАЈЛУДА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Со светот управува семејство со посебна ДНК, која НЕ ПОСТОИ НА ЗЕМЈАТА – II дел. Водечкиот теоретичар на заговори Дејвид Ајк објаснува дека постои огромна пајакова мрежа од меѓусебно поврзани и координирани манипулации, масовни

Пронајдете не на следниве мрежи: