Предание за загинатите млади девојки извадено од „Народна Демонологија на Македонците“ во авторство на Танас Вражиновски.Во Крани имавме килимара, таму работеа две девојки од нашето село. После работа, тие ојдоа да работат, да прашат пипер на нивата. Откако завршија ојдоа да се капет во езерото.
Се фатиле тие за рака и си шетале низ водата. Арно, ама таму имало некој вир, вртела водата. Едната девојка паднала и ја тргнала водата удолу, а таа ја тргнала и другата девојка. Се удавија двете.
После отко се удавија тие, како што кажуваат луѓето, јас не ги видов, нешто почнало да плаче во езерото затоа што се удавиле, дека дека душа не им се видела. Едната од девојките ја истрга некое дете од Наколец. Кога ја изнесоа, готова била. Другат никој не ја видел.
На тоа место секој пат светло, кога ќе поминиш – свети. Сите викаја: „Ако ојте рано таму, ќе видите, ќе светат чупите“. Едната беше 18 – 19 години а другата беше 20. Едната во Недела требаше да се сврши, а тие се удаја во Петокот.Во Крани имавме килимара, таму работеа две девојки од нашето село. После работа, тие ојдоа да работат, да прашат пипер на нивата. Откако завршија о