недела, 29 ноември 2026
Најново

Што се случи со чудовиштето од Лох Нес?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Последните 18 месеци беа најдолг временски период од 1925 година, без „потврдени“ гледања на чудовиштето од Лох Нес, а Шкотот кој ги бележи сите негови „појавувања“ полека почнува да се загрижува.Последните 18 месеци беа најдолг временски период од 1925 година, без „потврдени“ гледања на чудовиштето од Лох Нес, а Шкотот кој ги бележи сите негови „појавувања“ полека почнува да се загрижува.
-Ова се многу вознемирувачки вести и не знаеме каде отишла Неси. Бројот на гледања се намалува од почетокот на новиот век, но ова е прв пат во 90 години Неси воопшто да не е забележана- изјави тој.
Трите наводни фотографии од мистериозното чудовиште кои се појавија минатата година, всушност прикажуваа бран, патка, додека третата воопшто не е ни фотографирана на езерото Лох Нес.
Меѓутоа, Бер Кембел, старател за појавувањата на Неси, верува дека чудовиштето самото решило да земе одмор и да направи пауза.
-Убеден сум дека Неси само направила мала пауза и дека ќе ја видиме оваа година- тврди овој Шкот.

 

Кембел изјави дека до сега се забележани 1.036 појавувања а некои од нив се забележани и во 2012 година.
Од друга страна, Високата свештеничка на белите вештерки има поинакво објаснување за отсуството на познатото чудовиште.
-Лично верувам дека Неси е дух на диносаурус. Меѓутоа, духот на тоа суштество во последните години беше толку многу експлоатиран, што одлучил да извршам егзорцизам и затоа повеќе не го гледаме чудовиштето од Лок Нес- истакна таа, и додаде дека планира да ја тргне клетвата ова лето.Последните 18 месеци беа најдолг временски период од 1925 година, без „потврдени“ гледања на чудовиштето од Лох Нес, а Шкотот кој ги бе

Поврзани вести