Древни ритуали за исцелување

Народот на Benin повеќе и верува на вуду магијата отколку на официјалната медицина. Наследникот на претседателот Korekou, Soglo, исто така бил симпатизер на вуду религијата.
Во 1993г Soglo се разболел од болест која француските лекари не успеале да ја дијагностицираат. Биле повикани двајца вуду свештеници кои констатирале дека врз него е фрлена клетва, и набргу успеале да го излекуваат.Многу бенински католици ги игнорираат предупредувањата на надбискупот во врска со мешањето на обредите. Joseph Cyriaque Guendehov вуду свештеник од Cotonou, ги комбинирал христијанските и вуду обредите чија синтеза ги спојува и христијаните и муслиманите со вуду религијата.
Секоја недела одржувал миса за 40-тина свои верници во Thron-овиот храм (духот на земјата). Над главниот олтар стоел кипот на Исус Христос. Тој се облекувал во бела мантија, украсен со разни огрлици и амулети, и започнувал со молитви и песни. Верниците се молеле за Божја милост, а при тоа го изговарале Thorn, наместо Оче наш. Guendehov изведувал вуду верзија на светата причест нудејќи му на секој верник хостиј од орев во сребрен сад, а потоа започнувал ритуалот со крвавата жртва. Додека со бонго тапаните, ѕвонците и пеењето следбениците паѓале во еуфорија, еден од помошниците доведувал црно-бела коза. Тогаш Guendehov ритуално и го колел вратот, и и’ го вадел срцето, а потоа со крвта им ги натопувал јазиците на своите верници.
 Многу бенински католици ги игнорираат предупредувањата на надбискупот во врска со мешањето на обредите. Joseph Cyriaque Guendehov вуду свештеник од

Пронајдете не на следниве мрежи: