Мистеријата за сефот на Аркан!

Српската пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ (40) повикана е да сведочи на 5 март идната година во процесот во кој Воислав Ѓурковиќ од неа побарува долг од 116.000 евра со камати. Тужената фолкерка досега пред судот не се изјаснила заспоменатиот долг.Вчера на судењето сведочеле Михајло Улемек од Стара Пазова, поранешен припадник на Аркановата Српска доброволна гарда, и професор Мика Перковиќ, некогаш вработен во Собранието на Република Српска, кој Ѓурковиќ ги повикал за сведовци. Тие двајца вчера се изјасниле во врска со добивката на Ѓурковиќ во казино во 1996 година, кога, како што тврдат, освоил 200.000 германски марки.
– На повик на Жељко доаѓав во некогашното казино во хотелот „Југославија“. Напоменувам дека Ѓурковиќ беше пријател на Аркан, дека често се гледаа и дека заедно летуваа. Постојат и нивни заеднички фотографии од летувања, кои имав можност да ги видам.
 Еден ден Аркан ми рече: Малиот Босанец ми зема 200.000 марки во игра, а јас му реков: Секако, кога немаш појма да играш, изјавил Улмек, нагласувајќи дека „не би било ова судење, ако Аркан би бил жив“.
Сведокот навел дека Аркан би требало да му ја исплати добивката од 200.000 марки на Ѓурковиќ, а според негови сознанија, за тие пари убиениот Аркан требало на тужителот да му даде стан во Белград.
„Знам дека Аркан му даде стан на Ѓурковиќ, но не знам дали некогаш стана негова сопственост. Јас после 40 дена од поменот на Аркан во една слаткара се сретнав со Цеца на која и реков: Што е, тука е. Гледај да испаднеш фер и тие пари од продажбата на фудбалерот Никола Лазетиќ да им ги дадеш на децата на Аркан од првиот брак кои живеат тешко. Меѓутоа, таа одмавна со раката и рече: Ќе им дадам ова“, изјавил Улмек кој во судницата го имитирал гестот на Цеца.
„Тоа покажа за каква личност се работи. Срамота е ликот и делото на Аркан да го валка една таква жена“, додал тој.

Мистеријата за сефот на Аркан
Во Високиот суд во Белград вчера биле доставени извештаи за двата сефа на Жељко Ражњатовиќ – Аркан кој ги имал во банка од јануари 1995 година.
Миша Петровски, адвокатот на Цеца, за Ало.рс вчера изјавил дека во извештаите се наведува дека никој не ги отварал сефовите после смртта на Аркан на 15 јануари 2000 година. Извештаите за сефовите на Аркан се доставени кај адвокатот на Цеца и застапниците на тужителот Ѓурковиќ.
Како што пишува Ало!, во извештајот на банката се наведува дека сефовите не се отварани 13 години. Во дописот стои дека банката не поседува информации за содржината на сефовите, ниту дека други корисници по смртта на Аркан ги отварале.
– Спорен е и вториот клуч кој го имал Аркан, а еден бил во банката. Тој вториот клуч никогаш не бил вратен во банката и не се знае каде е. Банката повеќе пати барала од судот сефовите да се отворат, но тоа не е направена поради оставинската постапка, која е прекината, навела банката во дописот во кој се истакнува дека никој не плаќа за сефовите.
 Вчера на судењето сведочеле Михајло Улемек од Стара Пазова, поранешен припадник на Аркановата Српска доброволна гарда, и професор Мика Перковиќ, не

Пронајдете не на следниве мрежи: