Неделен љубовен хороскоп за 15.02.-21.02.2016

Откријте што ви предвидуваат астролозите во неделниот љубовен хороскоп за 15.02.-21.02.2016 година.Oвен
Едноставно не ќе можете да му посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Бидете повеќе внимателни во односот со него, а ако повеќе време не сте задоволни од врската ставете точка и расчистете. Слободните ги очекува љубов на прв поглед која ќе ви донесе убави моменти.
Бик
И приватните односи ќе ви бидат во криза, внимавајте од љубомора. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.
Близнаци
Вашата љубовна врска се продлабочува, а вие станувате свесни за досега скриени ситници. Во однос на партнерот подгответе некое изненадување и внесете повеќе креативност. Родените во јуни особено ќе бидат емотивно напнати и експлозивни. Можеби ќе завршите некои љубовни приказни или нерасчистени роднински сметки.

Рак
Ако сте во сериозна врска, овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна, некој ќе преземе сѐ за да ве освои. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чувствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.
Лав
Многу ќе ве нервира тоа што некои сакаат да се мешаат во вашиот приватен живот. Ќе бидете под притисок да постапите на одреден начин, а во вас се јавува отпор и желба за слобода. Родените во третата декада ќе имате убаво љубовно доживување и продлабочување на односите во врската.
Девица
Ќе успеете да ги спречите љубовните проблеми, односно губење на личноста во која сте вљубени. Вашата љубов ќе ја дарувате на саканото лице. Ќе бидете многу интересни во друштво, а во слободното време ќе бидете опкружени со вашите пријатели. Поттикнати од љубовта, среќни и расположени ќе работите одлично и ќе имате резултати подобри од очекуваните.

Вага
Ве очекува пријатно изненадување во вашето семејство. Конечно ќе ви успее да ги погодите намерите на вашиот партнер, кои ќе бидат нешто сосема друго од она што сте го очекувале на почетокот. Ќе забележите дека некој посебно се интересира за вас.
Скорпија
Во семејните и љубовните односи бидете попустливи, па дури и ако знаете дека сте во право. Потребна ви е поддршка и разбирање од другите. Пронајдете алтернативен пат. Во овој момент, успехот и тешкотиите се нераскинливо поврзани. Ако сте слободни приликите за нова врска се поволни, но внимавајте вашето однесување да не ви ги расипе плановите.
Стрелец
Уште во понеделник, Венера и Марс ќе направат убава врска во вашиот сектор на романтиката и тоа ќе разбуди многу искри помеѓу вас и партнерот. Ако неодамна сте започнале љубовна врска, ќе почнете да се чувствувате со партнерот поврзани не само на физичко ниво. Во случај да се наоѓате во долгогодишна врска, хармонијата меѓу вас и саканата личност ќе се чувствува во текот на целата недела.

Јарец
Во љубовта ќе морате поотворено да разговарате со вашиот партнер ако сакате да ги избегнете недоразбирањата. Обидете се, ќе бидете изненадени од тоа колку вашиот партнер има разбирање за вас. Оние кои се во брак на некој начин ќе се обидат да ја избалансираат врската со партнерот. Но, треба да очекувате онолку колку што сте подготвени да дадете. Слободните претставници ги очекува опасен предизвик.
Водолија
Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти, туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Можете да очекувате мали недоразбирања со партнерот околу роднинските односи. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе сакаат да се запознаат со личност која не покажува никакви интереси кон нив.
Риби
Новиот распоред на планетите во секторот на односите ќе ви помогне вам и вашиот партнер да ја откриете врската. Размислете што сакате од саканата личност, што би дале од себе за да ја направите љубовта уште повозбудлива. Моментот е погоден да направите промени во љубовен план, кои ќе ви донесат повеќе среќа.Oвен
Едноставно не ќе можете да му посветите доволно внимание на вашиот партнер, па затоа можни се и некои расправии. Биде

Пронајдете не на следниве мрежи: