Неделен хороскоп 24.11.-30.11.2014

Неделен хороскоп 24.11.-30.11.2014.Овен
Ве очекуваат нови успеси или поширока афирмација во професионалните кругови. Важно е да избирате обврски или работи во кои можете во потполност да ги потврдите своите практични способности и креативни идеи. Нема причина да се срамите при јавен настап или пред соработниците кои ги тестираат вашите способности. Добро ги проценете своите професионални можности и услови кои ви стојат на располагање.
Бик
Се наоѓате под психолошки притисок, добро ја проценете компелтната ситуација на професионалната – работна сцена и различните можности кои ви стојат на располагање. Важно е да ги сочувате добрите критериуми при средба со соработниците и изборот на работните цели. Долгорочниот успех подразбира вистинска процена на вредностите и почитување на заедничките одлуки.
Близнаци
Нови случувања на професионалната-работна сцена можат да ги променат вашите планови, па поради тоа размислете за некое алтернативно решение. Потребно е да се соочите со соработниците кои користат поинакви методи, секогаш постои можност за нов компромисен договор. Кога се наоѓате во проблематична ситуација препуштете на другите да ја преземат главната иницијатива. 

 

Рак
Се наоѓате во креативна фаза и преокупирани сте со различни инфомрации или професионални идеи. Се однесувате како личност која нема време за некои случајни средби или за случувања кои не се вклопуваат во вашата сфера на интересирање. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските соработници поттикнувате различни реакции.
Лав
Неочекувани промени на работната сцена делуваат како дополнителен психолошки притисок и бараат да донесете нови или мудри одлуки. Во ваш интерес е да ги сочувате важните професионални односно службени контакти. Со тоа, прифатете работна понуда која ветува заначајна добивка или перспективна реклама. Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни. 
 
Девица
Се наоѓате пред нови работни дилеми и заговарате тимска работа. Околината очекува ефикасни решенија и добро осмислена акција. Поголемиот дел од соработниците сака да се идентификува со заеднички успех и радосно реагира на вашиот повик. Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на професионалните цели или да ги промените вообичаените критериуми. 

 

Вага
Се однесувате резервирано пред одредени соработници и одбивате нови предизвици, ќе ви значи многу да ја организирате својата околина на ефикасно работење. Неповолната работна клина нема да трае долго, важно е добро да се припремите за наредната фаза. Одложете го потпишувањето на некои спорни документи или финансиски трансакции под сомнителни околности. Во љубовниот живот, нема потреба да се однесувате премногу наметливо и со барања кон саканата личност.
Скорпија
Професионалните-работни планови кои упорно се обидувате да ги реализирате, не ги донесуваат очекуваните резултати и саканиот ефект. Моментално минувате низ различни фази на творечки подеми и падови, но тоа не треба дополнително да ве осуети. Доколку сакате опкружувањето да го убедите дека поседувате практично знаење и интелектуални способности, бидете доволно истрајни во своите цели. 
Стрелец
Ќе ви значи да го подобрите својот однос со соработниците, но често постојат одредени недоразбирања и ве прати неусогласеност во проценката на заедничките интереси. Потребна ви е дипломатска нота и умереност, како би ги смириле различните спротивности кои постојат во службените преговори. Посветете повеќе внимание на решавањето на некои актуелни проблеми и финансиски сметки.

 

Јарец
Нови случувања на работната сцена внесуваат дополнителна тензија во вашето опкружување, но вие не сакате да учествувате во јавни расправи. Мудро спроведувајте ги вашите работни планови и вешто балансирајте помеѓу соработниците кои имаат поинакви работни критериуми и ставови. Сепак, преголемиот број на обврски и латентната психичка тензија ќе дејствуваат исцрпувачко на вашата здравствена состојба.
Водолија
Понекогаш е тешко да се препознае добитната комбинација и сигурните соработници во различни ситуации на работната сцена. Професионалната неодлучност може да ви создаде дополнителна непријатност на полето на комуникацијата или нова финансиска загуба. Важно е да реагирате во вистински момент. Не се однесувајте импулсивно, стрпливо почекајте на површина да испливаат вистинските вредности.
Риби
Ќе ви значи многу околината да го вреднува вашето знаење или професионални способности. Но, постојат различни фактори кои влијаат на неочекувани промени на работната сцена или на завршните резултати. Потрудете се правилно да ги исполнете своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати преставуваат основно мерило на вредноста.Овен
Ве очекуваат нови успеси или поширока афирмација во професионалните кругови. Важно е да избирате обврски или работи в

Пронајдете не на следниве мрежи: