БЕТЕЛГЕЗ ВО АСТРОЛОГИЈАТА

На 19 јуни 2013 година Јупитер и Сонцето ќе застанат точно во линија со ѕвездата Бетелгез, во соѕвездието Близнаци. Што означува Бетелгез во астрологијата?
 
Астрономските податоци за Бетелгез ја ставаат во класификација како ѕвезда со големина алфа, сместена на левото рамо на Орион. Полупроменлива ѕвезда, сместена на приближно 600 светлосни години од Земјата. Таа е втора по сјајност во соѕвездието Орион, и деветта по сјајност на ноќното небо. Бетелгез е црвен супер џин и релативно светла ѕвезда, и се наоѓа на списокот на најголемите познати ѕвезди. За споредба, да се наоѓа во центарот на нашиот Сончев систем (наместо нашето Сонце), ќе се протега сè до орбитите меѓу Марс и Јупитер, односно потполно ќе го заземе просторот во кој се наоѓаат планетите Меркур, Венера, Земја и Марс.
 
*Ако сакате подетално да дознаете што ве очекува во тековната година, кликнете и нарачајте – соларен хороскоп.
 
Името доаѓа од арапското yad al-jawzā, раката на главниот. Арапите порано соѕвездието Близнаци го нарекувале Jauza („главниот“) но подоцна со тоа име го нарекувале Орион. Се појавила грешка при транслитерација на името на латински од страна на Европјаните во среден век, што довело до испуштање на буквата y (ﻴ, со две точки долу) која била прочитана како b (ﺒ, само со една точка долу). Во текот на Ренесансата името на оваа ѕвезда било запишано како Bait al-Jauza со значење пазувата на главниот. Натаму се дошло до денешната верзија на името Бетелгез.
 
Во астрологијата, се смета дека влијанието на Бетелгез ја има природата на Марс и Меркур, или добар аспект меѓу Меркур, Сатурн и Јупитер. Носи воена слава, 
унапредување и богатство. Често се наоѓа на истакнато место во мунданите карти при големи несреќи, експлозии и терористички напади.
Повеќе на следниот ЛИНК
 
 На 19 јуни 2013 година Јупитер и Сонцето ќе застанат точно во линија со ѕвездата Бетелгез, во соѕвездието Близнаци

Пронајдете не на следниве мрежи: