Хороскопските знаци и љубовните врски

Овен
Овните се заљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат одлуки за посветеност, а потоа се борат со таа одлука и бегаат од неа, па тоа трае со месеци. Најчесто влегуваат во период на проценки и повторни состаноци ипри тоа се обидуваат да ја оживеат страста во врската, а во текот на тој период најчесто и одлучуваат како се чувствуваат и дали ќе се смират на едно место. Ако не успеат да ја оживеат страста, тогаш најчесто бараат нова љубов.
Бик
Биковите се верни како кучиња и тоа не во лоша смисла. Кога еднаш ќе запознаат некого се врзуваат и најчесто остануваат до крајот на животот, односно додека сексуалниот живот функционира. Ако страста испари или ако едноставно снема интерес за секс, ќе побараат возбуда на друго место – најчесто зад вашиот грб. Неверство никогаш нема да ја признаат, само поради врската која што трае за секогаш. Со други зборови и ако се неверни, нема да ве остават.
Близнаци
Близнаците и покрај клишето се верни и никогаш не ве напуштаат, но сакаат да ве тестираат за да видат колку љубомора можат да предизвикаат. Всушност тие дури и ќе ја мачат личноста со која се во врска флертувајќи со што е повеќе можно луѓе. Само поради тоа остануваат сами и оставени кога се во прашање луѓе што не можат да го поднесат лутањето со поглед на машкиот Близнак, или заведувањето на женските припадници на знакот. Близнакот ќе го задржи интересот за вас само ако и вие го направите љубоморен. Така ќе останете во врска засекогаш…
Повеќе на следниот ЛИНКОвен
Овните се заљубуваат бргу и силно, дури прерано донесуваат

Пронајдете не на следниве мрежи: