четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почувствувајте го сјајот на Макарска

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Макарска – сместена на јадранскиот брег и на само 60 километри југоисточно од Сплит и 140 километри северозапад од Дубровник, е вистински бисер на Далмација. Овој град е популарна туристичка дестинација, чии модерни кафулиња, барови и бутици се сместени на пристаништето на кое лежи овој град и пружа неверојатен поглед на Јадранското море.

Сместен во подножјето на планината Биоково, Макарска е позната по своите песочни плажи, долгите патеки за прошетка околу кои се наоѓаат многубројни луксузни хотели и ресторани и нуди забава како за возрасните, така и за децата.
За квалитетот на туризмот сведочат бројните туристички награди и признанија, но и населението и вработените во овој сектор, кои од година во година работата на подобрување на туристичката понуда.

Богатата историја на ова место може најдобро да ја запознаете преку посета на црквата Свети Марко, сместена на плоштадот Кацич, црквата Свети Филип, градскиот музеј, Фрањевачкиот манастир и останатите знаменитости кои дополнително ќе го разубават вашиот престој во ова симпатично гратче.
За да поминете незаборавен летен одмор и да ги доживеете сите убавини кои ги нуди Макарска, посетете го овој линк и дозволете вашата колекција на туристички дестинации да биде збогатена со уште едно прекрасно место.
 Макарска – сместена на јадранскиот брег и на само 60 километри југоисточно од Сплит и 140 километри с

Поврзани вести