Настанот Consumer Electronics Show официјално уште не ги отвори вратите за посетителите. Сепак, некои компании веќе ги претставија своите производи пред новинарите. Една таква е новосоздадената компанија од пред околу година ипол дена, Faraday Future.Калифорнискиот производител на автомобили веќе има 550 вработени кои работат на концепт за електричен автомобил, кој ќе биде главна конкуренција на Tesla Motors.
Иако Faraday Future уште не покажа ништо реално на публиката, пред неколку дена во Лас Вегас беше претставен концептен модел за супер-моќен, електричен спортски автомобил.
Тој се вика FFZERO1 и поседува цели 1000 коњски сили. Неговиот досег е од 0 до 100 километри на час под 3 секунди, а изгледот е футуристички.
FFZERO1 навистина личи на вселенски брод – кабината наменета за едно лице е од бел карбон, покривот е стаклен, а седиштето има систем за заштита на главата на возачот, плус шлем за кислород и вода. Уште, во центарот на воланот се монтира посебен смартфон, а има и сензори за биометриски податоци.
Единствено што се знае за Faraday Future е дека компанијата неодамна доби финансирање во износ од 1 милијарда долари од кинескиот милијардер Џија Јоетинг, кој е сопственик на LeTV.
Фабриката за електрични автомобили на Faraday Future наскоро ќе ги отвори вратите за љубопитните. Сето друго околу нив се чува во тајност, вклучувајќи го тоа на што точно работат, како планираат да се натпреваруваат со Tesla и кој им е доставувачот на делови.
Првиот електричен автомобил од Faraday Future се очекува да се појави на пазарот за околу две години.
Извор: The VergeКалифорнискиот производител на автомобили веќе има 550 вработени кои работат на концепт за електричен автомобил, кој ќе биде главна конкуренција на
Пронајдете не на следниве мрежи: