ŠKODA VisionS: SUV концептот премиерно во Женева

> ŠKODA VisionS ја прикажува иднината на SUV портфолиото на Škoda >Модерен, моќен, експресивен дизајнерски јазик> Екстремно простран со три реда седишта и должина од 4,70 метри ŠKODA комуницира преку својот нов, модерен дизајнерски јазик. Сосема новиот автомобил ŠKODA VisionS  ќе биде изложен оваа годна на меѓународниот автомобилски саем Женева, со што се навестува како би можел да изгледа идниот SUV од  Škoda.  Дизајнот претставува одличен баланс на естетика, моќ и функционалност. Во последниве години, Škoda целосно ја обнови и прошири својата гама. Следната фаза подразбира и проширување на гамата во SUV сегментот. 
Škoda го претстави новиот дизајнерски јазик во 2014 година, со дизајн студијата VisionC. Брендот влегува во нова фаза претставувајќи нов концепт за идните автомобили во SUV сегментот. VisionS (“S” се однесува на SUV) покажува како ќе изгледа новиот SUV на брендот, кој ќе биде поголем од успешниот Škoda Yeti, со должина од 4.70 метри, ширина од 1,91 метри додека пак со висина од 1,68 метри  новиот концепт доминира на патот. Во внатрешноста, Škoda повторно го нуди најпространото возило, една од карактеристиките на брендот кои го прават популарен: VisionS од Škoda има три реда седишта, и нуди простор за шест патници. Надворешниот дизајн на ŠKODA VisionS ја отсликува новата емоционална привлечност на брендот: Сите агли и линии се јасни, прецизни и остри; кристалните  надворешни елементи го истакнуваат дизајнот. Взаемното дејство на светлината и сенките создава моќен ефект врз впечатливите површини.ŠKODA комуницира преку својот нов, модерен дизајнерски јазик. Сосема новиот автомобил ŠKODA VisionS  ќе биде изло

Пронајдете не на следниве мрежи: