Audi TT ја освои главната награда на „Connected Car 2014“

•Вкупно четири награди “Connected Car 2014“ за Audi
• Главна награда за новиот Audi TT кој е најдобро поврзан автомобил
• Прво место за навигација, за интернет и за забавно информативен системНајдобро поврзан автомобил: Audi е најуспешен бренд на наградите „ConnectedCar“ кои ги доделуваат AutoBild и ComputerBild. Четири награди за секој од четирите прстени. Брендот го освои првото место во категориите навигација, интернет и забавно информативен систем. Audi TT е севкупен победник на „ConnectedCar“ наградите. Наградите сведочат за нашиот успех во областа. Благодарение на софистицираните системи за помош, целосно поврзаниот забавно информативен систем и комуникација меѓу автомобилите ние создадовме целосно поврзана реалност“, изјави д-р Улрих Хакенберг, член на управниот одбор за технички развој во AUDI AG. Рики Худи, раководител на секторот за електроника изјави: „Нашите Audi connect услуги значително ја зголемија безбедноста на патиштата и ја зголемија удобноста и ефикасноста на автомобилот. Овие награди го потврдуваат развојот на брендот и нé охрабруваат да продолжиме со воведување на нови пионерски услуги.“
Audi триумфирање во категоријата „навигација“ со дисплејот на инструмент таблата кои е целосно поврзан со Google Earth и Google Street View и преку кој полесно се доаѓа до местата од интерес, а системот препознава и гласовни команди. Во категоријата „интернет“, Audi победи благодарение на големата брзина за пренос на LTE податоци, Audi e првиот производител на автомобили кој целосно го интегрираше овој систем како стандард во автомобилот. Во категоријата „забавно информативен систем“, корисниците гласаа на MMI системот кој е осетлив на допир и за виртуелната кабина на Audi.
Церемонијата на доделување на наградите Connected Car 2014 ќе се одржи во јануари 2015 година на CES во Лас Вегас.
Audi TT
Комбинирана потрошувачка на гориво во l/100 km: 7,5-4,2
Комбинирана емисија на CO2 g/km: 174-110Најдобро поврзан автомобил: Audi е најуспешен бренд на наградите „ConnectedCar“ кои ги доделуваат AutoBild и ComputerBild. Четири награ

Пронајдете не на следниве мрежи: