TLC каналот ве носи на нови кулинарски патувања со серијалот ФАНТАСТИЧНИТЕ БРАЌА ПЕКАРИ: ВКУСОТ ОД БРИТАНИЈА.Надоградувајќи се на успехот на првите 2 сезони од овој серијал ,Том Херберт и неговиот брат Хенри ве водат низ Велика Британија во потрага по најдобрите британски производители , за да го разбијат митот дека британската храна не е најдобра во Европа и да им покаже на гледачите што се можат да постигнат готвејќи на отворено користејќи печки за кампување.
Наоружани со својата подвижна кујна , дуото од Глоучестер ќе ја ја крстосуваат државата со нивното комбе да ги истражат вкусовите на Велика Британија и да готват најфини британски јадења. Сето тоа ќе биде проследено со типични англиски пејзажи почнувајќи од бујното езеро Дистрикт до живописното крајбрежје во источен Сасекс.
Храна и патување се жанрови кои наидоа на одличен прием од гледачите ширум светот и ние успеавме да искомбинираме двата вида на публика, заедно со браќата на ова гастрономско патување. Браќата Том и Хенри се суперталентирани . Тие се доста приземни и неверојатно симпатични. Затоа и не е никакво изненадување тоа што создадоа многу интернационални гледачи уште во претходните сезони.
Секоја едночасовна епизода од серијалот ФАНТАСТИЧНИТЕ БРАЌА ПЕКАРИ: ВКУСОТ ОД БРИТАНИЈА ги истражува локалните вкусови , деликатеси и ја прикажува креативната способност на Хенри и Том да го трансформираат во гурманска храна сето она што ќе им се јаде при рака во движење. Браќата Херберт црпат инспирација од секоја локација која ќе ја посетат , ќе собираат вкусни состојки пронаоѓајќи вкусни скапоцености кои го прават посебно секое место. Како суровина за јадењата тие ги користат свежите состојки директно од земјата, река или море , и ги претвораат во вкусни јадења кои може да се зготват на отворено. Без разлика дали е тоа свеж лосос директно од реката Северн или свинско месо печено во фурна на оган , браќата прават оригинален пресврт од она што им се нуди.На своето патување, Том и Хенри ќе се сретнат со локалните жители чие производство е исконско на тие простори и на крајот на шоуто овие луѓе ќе бидат повикани да се придружат во изборот на најдобро јадење.
Надоградувајќи се на успехот на првите 2 сезони од овој серијал ,Том Херберт и неговиот брат Хенри ве водат низ Велика Британија во потрага по најд