Младински центар Креактив Кавадарци во соработка со општина Квадарци, Хербалајф и други компании, традиционално, по 2-ри пат и годинава, на 27-ми август, ќе организира МЕЃУНАРОДНИ ПОЛУПЛАНИНСКИ ТРКИ ВО ТРЧАЊЕ – КАВАДАРЦИ ТРКИ 2016 – „BORN TO RUN“.Трите планирани рути се со должина од 10км, 5км и 3км. Стартот за 10-километарската рута е на Витачот во близина на Кавадарци.
Минатата година на истиот настан учествуваа 80 тркачи, мажи, жени и деца.
Трките на 27-ми август стартуваат во 17:30, а сите регистрирани тркачи треба да се сретнат во 4:30 на градскиот плоштад во Кавадарци од каде што ќе ги земат своите тркачки бројчиња и ќе бидат одвезени со организиран превоз до стартните точки.
Покрај големиот настан на 27-ми август, на 3-ти септември ќе се реализира уште едно планинско трчање со дочжина од 16 км од Градскиот парк во Кавадарци до селото Страгово, Кавадаречко.
Трчањето од 16км на 3-ти септември ќе почне од 17:00 часот, а сите регистрирани тркачи треба да бидат на градскиот парк во Кавадарци во 16:45 попладне.
Информации на македонски и на англиски јазик во врска во двата настана можете на најдете на веб-страницата https://kavadarcirace.weebly.com и на https://www.facebook.com/kavadarci.race/?fref=ts
За сите рути, возрасна граница нема, но се молат регистрираните тркачи одговорно да ја земат предвид својата физичка подготвеност. За пријавени тркачи под 18-годишна возраст ќе биде потребна потпишана изјава од родител/старател дека личноста е физички спремна да учествува.
Партиципација:
10 км трка – 250 ден.
5 км трка – 150 ден.
3 км трка – 100 ден.
16 км планинско трчање – 300 ден.
Попусти за членови на спортски клубови и на невладини и младински организации: За група од петмина – плаќаат само четворица. За група од десетмина – плаќаат само седуммина.Трите планирани рути се со должина од 10км, 5км и 3км. Стартот за 10-километарската рута е на Витачот во близина на Кавадарци.
Минатата год