Меѓународен натпревар во креирање на дигитални видео игри на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид

Од петок до недела на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ ќе се одржи натпревар во креирање на дигитални видео игри.Натпреварот претставува составен дел од глобалниот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри кој оваа година симултано ќе се одржи на 518 локации во 78 земји под името „Global Game Jam“.
Покрај Охрид, во рамките на нашата држава натпреварот ќе се одвива на уште две локации во Битола и Скопје. Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а на истиот ќе се натпреваруваат 40тина учесници.
Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.
Почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“. За повеќе информации посетете ја веб страната на настанот на www.globalgamejamohrid.comНатпреварот претставува составен дел од глобалниот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри кој оваа година симултано ќе се одржи на 5

Пронајдете не на следниве мрежи: