Четврто издание на македонски демофестивал „Т’к Так Фест“

На 5 септември 2015 година, во Кавадарци ќе се одржи четвртото издание на единствениот македонски демофестивал „Т'к Так Фест“.Фестивалот е инспириран од историјата на македонската рокенрол сцена, поддржан е од нејзините основоположници, а се оддржува во чест на македонската рок легенда, прерано починатиот рок музичар, тапанар и композитор Трајко Каров.
Во меѓувреме „Т'к Так Фест“ веќе прерасна во најголемиот македонски демо фестивал, чија главна цел е промовирање и поддршка на новите генерации македонски музичари, со што ќе се продолжи мисијата на човекот кој целиот свој живот и го посвети на рок музиката.
Во изминатите 3 години беа промовирани повеќе од 20 македонски бендови, доделени девет награди за освоено прво, второ и трето место, како и три Гран При награди „Трајко Каров“ на најдобрите тапанари.Фестивалот е инспириран од историјата на македонската рокенрол сцена, поддржан е од нејзините основоположници, а се оддржува во чест на македонскат

Пронајдете не на следниве мрежи: