Работилница за млади лидери од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд во Скопје!

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд , Сити Колеџ, ви нуди единствена можност да бидете дел од еднодневната Работилница за млади лидери, на која пријавените учесници ќе стекнат нови знаења и вештини во областа на лидерството, ќе се здобијат со сертификати за присуство и ќе се натпреваруваат за стипендија.
 Работилницата ќе се одржи на 8 мај во просториите на хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, со почеток во 13.00 часот и е наменета примарно за учениците од четврта година од средните училишта во Република Македонија, како и за апсолвентите кои ќе имаат прилика да се стекнат со парцијална стипендија за додипломски или постдипломски студии во Бизнис, Администрација и Економија, Психологија, Компјутерски науки или Англиски јазик на еден од 25те најдобри универзитети во Европа!
Работилницата ќе ја предводи Д-р Николаос Димитриадис, професор на одделот за Бизнис, Администрација и Економија при Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд и директор на Едукативниот институт за развој (EDI), кој е исто така и презентер на TED Talks, истражувач и практикант во полето на маркетингот и комуникациите.
Учеството на Работилницата за млади лидери е бесплатно за сите заинтересирани кандидати кои ќе се регистрираат најдоцна до 6 мај 2015 година. Бројот на учесници е ограничен.
За регистрација и повеќе информации околу студиските програми на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет Сити Колеџ од Солун, Грција, ве молиме пополнете ја апликацијата на следниот линк:
https://citycollege.sheffield.eu/rf/mk-Bachelors-Masters/
Работилницата ќе се одржи на 8 мај во просториите на хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје, со почеток во 13.00 часот и е наменета примарно з

Пронајдете не на следниве мрежи: