РК Вардар на услуга на корисниците на Т-Мобиле

Партнерството на Т-Мобиле и РК Вардар продолжува во салонот на Т-Мобиле во Капитол мол, каде зад пултовите, услугите на Т-Мобиле ќе ги нудат Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќ од РК ВардарУште едно изненадување за корисниците на Т-Мобиле следува на 12 декември, во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол од 12 часот каде зад пултовите ќе услужуваат Петар Ангелов, Матјаж Брумен и Игор Карачиќ од Ракометниот клуб Вардар.

Ова несекојдневно случување е во рамките на партнерството за кампањата за новата Play Comfort постпејд понуда на Т-Мобиле со која се добива 6 GB најбрз 4G интернет, неограничени разговори кон сите мрежи и 20 часа Mobile MaxTV за само 799 денари месечно. За дополнително задоволство на своите корисници Т-Мобиле овозможи со оваа понуда за само еден денар да се купи новиот Sony Xperia E1 онлајн преку t-mobile.mk, кој по потпишување на договорот бесплатно се доставува дома.
За оваа и за која било друга понуда, корисниците ќе можат да се информираат кај нашите врвни ракометари и да ја добијат поддршката што ја очекуваат.  

„Ракометарите на Вардар со радост ја прифатија оваа идеја да бидат на услуга на нашите корисници бидејќи препознаа одлична можност за дружење со бројните навивачи што се наши корисници. И понатаму ќе продолжиме да креираме единствени моменти и несекојдневни доживувања вредни за споделување“, изјави Димитар Ковачевски директор за корпоративни комуникации во Македонски телеком.
„Поддршката која ја добиваме од Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија многу значи за нас, а истовремено претставува и силен мотив да се трудиме во секој поглед. Убеден сум дека ќе уживавме во исполнувањето на барањата на корисниците на Т-Мобиле, бидејќи како и во секоја дружба со фановите и навивачите, тие уживаат со нас, но далеку повеќе ние уживаме со нив“, изјави Стојанче Стоилов, пикер на РК Вардар и македонски ракометен репрезентативец.Уште едно изненадување за корисниците на Т-Мобиле следува на 12 декември, во салонот на Т-Мобиле во Капитол Мол од 12 часот каде зад пулт

Пронајдете не на следниве мрежи: