Започна првиот интерактивен форум за модерен општествен развој Biz Triple Talks

Денес (26.11) во Скопје, се одржува првиот Biz Triple Talks форум за модерен општествен развој.Настанот кој започнa во 12 часот во Форца опфаќа три теми: првиот дел е наменет за Социјалното претприемништво и општествената одговорност, како дисциплини кои се делумно разбрани и подпросечно спроведувани од деловниот и невладиниот сектор. Вториот дел е наменет за женското претприемништво, како развојна иницијатива толкувана низ економска, а не феминистичка призма. И третиот дел е тематски насочен кон иновациите во повеќе области: уметност, мода, бизнис, дигитални медиуми и апликации и кон интер – приемачот, страна која ретко кога добива признанија на корпоративно ниво, иако игра клучна улога во развојот и оддржувањето на бизнисите. 

На панелите свое обраќање имаат голем број на реномирани говорници од бизнисот и невладиниот сектор.
Покрај панел дискусиите организаторите најавуваат и модна ревија на дизајнерката Олгица Ѓоргиева, поддржана од Inner Wheel Club од Скопје во соработка со здружението Борка, менторски средби со панелистите, модна работилница во организација на порталот Stylist.mk, како и коктел забава.Biz Triple Talks е во организација на ПР и маркетинг агенција Honeybiz и консултантската компанија Triple S Group.
Настанот кој започнa во 12 часот во Форца опфаќа три теми: првиот дел е наменет за Социјалното претприемништво и општествената одгов

Пронајдете не на следниве мрежи: