Десет години јубилеј на проект галеријата Прима Центер Берлин

Проект галеријата Прима Центер Берлин е алтернативен  простор за презентација на уметниците пред професионалната берлинска публика и пошироката јавност. Отворена е во 2004 година и од самиот почеток членка на Здружението на интернационални уметнички галерии на Берлин (Вединг) – Колони Вединг. За време на своето десетгодишно постоење, во просториите на ПЦБ се реализирани 150 изложби, претставени се повеќе од 400 автори, од кои 150 биле лично присутни на своите отварања. Во изминатите шест години Прима Центер Берлин успешно соработува и со Министерството за Култура на Република Македонија. ПЦБ пред берлинската публика досега има претставено 110 македонски уметници, меѓу позначајните изложби и автори од Македонија се издвојуваат: Игор Тошевски, Богоја Ангелковски, Олгица Антовска, Марта Наумовска Грнарова, Шкипе Мемети, Славчо Спировски, Тихомир Топузовски, Александра Петрушевска, Антони Мазневски, Ирена Паскали, групата ОПА, Панче Велков, Мимоза Велиу и други.
 
По повод 10 годишниот јубилеј на ПЦБ, на 30.05.2014 во просториите на галеријата, во рамките на Здружението Колони Вединг ќе биде отворена изложбата „Лице во лице“ на берлинските уметници: Ловро Артуковиќ, Берт Госен, Даниел Самбо-Рихтер, Карола Гоелнер, Жења Шеф и Јован Балов, кураторот на изложбата др. Ролф Кулц Мекензи подготвува студиозен текст за самата изложба дополнет со рецензија и осврт на 10 годишното работење на ПЦБ. Во рамките на прославата, при отварањето на изложбата, ќе настапи и познатото рок трио од Салцбург – Џими Роџерс. 
 
 
На 6. Јуни 2004 година е отворена првата изложба во ПЦБ – „Сегменти“, групна изложба на македонски автори. По иницијатива на Здружението на граѓани Золдинер Киц, во соработка со Квартирс Менаџмент на 6. Јуни оваа година ќе биде организирана голема прослава по повод 10 годишниот јубилеј на ПЦБ. По тој повод ПЦБ подготвува архив од околу 10.000 фотографии кои ги документираат сите 150 реализирани изложби. Архивот ќе биде промовиран на таа прослава со делата на портрет мајсторите од изложбата „Лице во лице“ како и со пригоден кетеринг. Меѓу бројните пријатели кои ја поддржаа оваа акција се: Берлинскиот Сенат за развој, Општина Центар – Берлин, Европскиот фонд за култура, Социјален град Берлин, Колони Вединг и многу други проект галерии членки на Колони Вединг. 
 
ПЦБ како проектгалерија со висок углед на берлинската сцена има капацитет да продолжи да ги промовира врвни уметнички, независни и алтернативни вредности и отворена е за уште многу нови квалитетни проекти.
 
Во изминатите шест години Прима Центер Берлин успешно соработува и со Министерството за Култура на Република Македонија. ПЦБ пред берлинската пуб

Пронајдете не на следниве мрежи: