TRAINING CENTER EVA во соработка со MANHATTAN козметика ви најавува нов КУРС ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА ШМИНКА

НАУЧЕТЕ ЈА УМЕТНОСТА НА ШМИНКАЊЕТО И ЗАРАБОТЕТЕЦентарот за обука ЕВА веќе организираше шест успешни курса за професионална шминка и неколку изложби на фотографии со шминка на курсистите.
Центарот за обука ЕВА е постојано насочен кон усовршување на програмите, кадарот и можностите што ги нуди на своите слушатели.
Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, без разлика на возраста, имаат талент и предиспозиции да се занимаваат со тоа и сакаат да си отворат можности за заработка од шминкерството како професија. Најдобриот од обучените слушатели на курсот ќе има можност за пракса или за професионален ангажман.
 
Курсот за шминка ги опфаќа основите на професионалната шминка со теоретска но пред се’ практична обука.
 
Курсот трае 5 недели, опфаќа вкупно 20 часа по 60 минути, организирани во 5 целодневни обуки,  во сабота, во траење од 4 часа. Сите додатни часови кои ќе се понудат како можност за вежби или шминкање за време на фотосесијата се бесплатни.
 
Курсот завршува со фотосесија каде се шминкаат професионални модели а после тоа следува изложба на фотографии со ваша шминка во соработка со слушателите од курсот по фотографија.
 
Дел од нашите поранешни курсисти зедоа учество како make-up артисти на важни модни настани и други случувања.
 
Учесниците на курсот имаат несекојдневна можност да учат од исклучителната дизајнерка и make-up уметница, Фросина Ангеловска, која има дипломирано дизајн во Фиренца, Италија, а потоа има завршено доедукација во Осака, Јапонија. Во центар за обука ЕВА има веќе два успешни курса зад себе како предавач.
Имате можност за плаќање на две рати, а во цената влегуваат работниот материјал, скриптите, Сертификатот, моделите и изложбата на професионалните фотографии.
 
Курсот почнува на 31-ми мај, кoга е закажана и првата средба. Пријавување до 26-ти мај. Бројот на слушатели е ограничен поради ефикасност на курсот.
 
Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви  02/3256  262, 078 / 23  13  23 и нашата e-mail адреса  [email protected]и [email protected]
 
Уплатите се вршат на нашата трансакциска сметка на Центар за обука ЕВА  210-067122310140 – Тутунска банка АД Скопје, со цел на дознака : “За курсот за шминка”.
 
За сите подетални информации можете да не’ конктатирате телефонски или на e-mail.
 
Посетете ја нашата страна www.tc-eva.com и
Facebook:  1. Профил https://www.facebook.com/centarzaobuka.eva
2. Страна  https://www.facebook.com/pages/Training-Center-EVA-Educational-Vocational-Assistance/254339434585021?ref=hl
3.  Група  https://www.facebook.com/groups/207146506002420/
 

Центарот за обука ЕВА веќе организираше шест успешни курса за професионална шминка и неколку изложби на фотографии со шминка

Пронајдете не на следниве мрежи: