Граѓаните на Македонија сметаат дека највисокиот квалитет го нудат Мерцедес, Каролина Гочева, Ју Ту [U2], Нокаут, клубот Барселона…

Истражување QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) во Република Македонија 2014/2015
Доколку просечниот Македонец би имал неограничени средства на располагање и доколку носи одлуки кои зависат единствено од квалитетот на производот што го купува, Македонците би возеле Мерцедес, би посетувале концерти на Ју Ту (U2), Нокаут или Каролина Гочева и најверојатно би гледале натпревари во кои учествува клубот БарселонаЦирих, Скопје 7 мај, 2014 година – Доколку просечниот Македонец би имал неограничени средства на располагање и доколку носи одлуки кои зависат единствено од квалитетот на производот што го купува, Македонците би возеле Мерцедес, би посетувале концерти на Ју Ту (U2), Нокаут или Каролина Гочева и најверојатно би гледале натпревари во кои учествува клубот Барселона.
Ова се резултатите од првото истражување QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) – DEEPMA спроведено во март оваа година во Македонија, од швајцарската организација ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација (ICERTIAS – International Certification Association GmbH) со седиште во Цирих. Истражувањето беше спроведено преку интернет, учествуваа 1200 граѓани од Македонија, корисници на интернет, постари од 15 години.
Истражувањето QUDAL во Република Македонија опфати повеќе од стотина комерцијални и некомерцијални категории (на пример најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пејач итн.). Првите резултати од ова комплексно истражување се обработени и се достапни за анализа.
Како што нагласуваат од ICERTIAS, Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) има цел да ја зголеми популарноста и важноста на квалитетот.  Од ICERTIAS нагласуваат дека „со проектот QUDAL, сакаме да им посочиме на купувачите дека тие целосно имаат право да живеат подобро и да бараат подобар квалитет на пазарот за своите пари”. „Правото на квалитет и на живот со подобар квалитет денес е особено важно, во време кога економската средина е преполна со предизвици“, заклучуваат од ICERTIAS.
Фокус врз квалитетот
Во истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) Македонците беа запрашани што би купиле и што би користеле доколку парите не би претставувале проблем при купувањето и доколку единствено би одлучувале и купувале врз основа на квалитетот.
Токму поради ова Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) дава целосно нова слика за Македонија и за македонскиот пазар и открива што мислат Македонците за вредноста и квалитетот што им се нуди, како и за начинот на кој тие го препознаваат и го ценат квалитетот.
Истражувањето на пазарот QUDAL не го мери пазарниот удел (продажбата) ниту моќта на брендот, туку исклучиво искуството и мислењето на корисниците, за тоа, кој според нив, нуди највисок квалитет во определена категорија во нивната земја.
Начинот на кој размислуваат Македонците кога сакаат врвен квалитет е можеби најдобро илустриран со категоријата „Автомобили“ од истражувањето QUDAL – Quality DEEPMA.
Во истражувањето QUDAL за оваа категорија на граѓаните на Македонија им беше поставено следното прашање: „Наведете го името на производителот или на снабдувачот на семејни автомобили кој, според Вашето лично искуство и мислење, нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар:“
Најголемиот дел од испитаниците, на ова прашање одговориле со – „Мерцедес“.
На прашањето која е апсолутно најдобрата музичка група во светот, најмногу Македонци одговориле – „Ју Ту (U2)”. Во категоријата за најдобар музичар или пејач во светот, првото место и припадна на – „Шакира”.
Според мислењето на граѓаните на Македонија, фудбалерот Меси е најдобар светски фудбалер, додека клубот Барселона беше прогласен за најдобар спортски клуб во светот (без оглед во кој спорт).
Кога станува збор за квалитетот на лица, проекти, организации итн. испитаниците кои учествуваа во Истражувањето QUDAL за Македонија го избраа ФК Металург за најдобар во категоријата најдобар спортски клуб во Македонија (без оглед во кој спорт), додека Перо Антиќ беше избран за најдобар во категоријата најдобар спортист/спортистка во Македонија.
За најдобра македонска музичка група, најголемиот дел од учесниците во Истражувањето QUDAL ја избраа Нокаут, додека во категоријата најквалитетен музички изведувач, најмногу им се допадна Каролина Гочева.
Во комерцијалните категории од Истражувањето QUDAL, на пример македонските граѓани, како снабдувачи со апсолутно највисок квалитет ги избраа: Бимилк (категорија: млеко); Нескафе (категорија: инстант кафе); Пелистерка (категорија: минерална вода); Нивеа (категорија: крем за лице); Дел (ноутбук комјутери); Адидас (спортска облека); Стопанска банка (банка); Триглав Осигурување (осигурителна компанија), Виза (кредитни картички) итн.
Методологија и примерок
Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) – Македонија 2014/2015 (www.qudal.com) го изврши швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација (ICERTIAS – International Certification Association GmbH) (www.icertias.com) на територијата на Република Македонија во текот на март, 2014 година, со употреба на онлајн прашалник и метод CAWI – DEEPMA (Интервјуирање на интернет потпомогнато од компјутер – Избор по подолго размислување – engl. Computer Assisted Web Interviewing – Deep Mind Awareness).  Во истражувањето учествуваа 1200 граѓани на Македонија, корисници на интернет и постари од 15 години.  Истражувањето ја опфати целата територија на Република Македонија.
За проектот QUDAL
QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) (www.qudal.com)  е проект на швајцарската компанија ICERTIAS – Меѓународно здружение за сертификација (ICERTIAS – International Certification Association GmbH) (www.icertias.com).
Проектот QUDAL истражува и наградува определени субјекти (производи, услуги, медиуми, јавни личности, култура, спорт итн.)  кои според мислењето на граѓаните – односно самите корисници имаат највисок квалитет на определена територија.
Целта на проектот QUDAL е да и посочи на јавноста колку е важен квалитетот во нивниот секојдневен избор како и дека граѓаните имаат право на највисок квалитет. Покрај ова целта е и да им олесни на граѓаните поедноставно да ги најдат најквалитетните производи и услуги на пазарот.
Истражувањето QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) е целосно извршено во согласност со „Меѓународниот кодекс за пазарни и социјални истражувања“ усвоен од Меѓународната стопанска комора (ICC) и Светската асоцијација на експерти за истражувања (ESOMAR).
Важно е да се спомене дека истражувањето QUDAL не го мери пазарниот удел на некој бренд, туку единствено искуството, задоволството од квалитетот на услугата или понудата на пазарот, како што ја перцепираат испитаниците.
„Проектот за истражување и наградување QUDAL – Медал за квалитет (QUality meDAL) испраќа порака до купувачите дека единствено тие имаат право да носат одлуки за тоа што има највисок квалитет на пазарот.  Со ова, би сакале да испратиме силна порака до производителите и давателите на услуги, дека треба да направат напор и на граѓаните да им го дадат најдобриот квалитет за нивните пари…”Цирих, Скопје 7 мај, 2014 година – Доколку просечниот Македонец би имал неограничени средства на располагање и доколку носи одлуки кои зависат един

Пронајдете не на следниве мрежи: