Сообраќајницата Македонска фаланга стана битолска улица на црвените фенери. Уличната проституција која се случува недалеку од грчката граница, шири добрососедски односи со Грција.
На оваа улица, на која веќе подолго време и дење и ноќе царува проституцијата може да се најдат девојки од 20тина години, дури и помлади кои нудат сексуални услуги за 30 евра. Нивните постојани клиенти се Грците, за кои и самите проститутки изјавуваат дека живеат од нивните потреби.
Девојките се облечени во провокативна облека, без оглед на ладното време и се кријат во дрвата. Кога ќе видат дека се доближува некакво возило, тие го стопираат и преговараат за нивните цени.
Не дозволувајќи да бидат фотографирани, една од проститутките се согласила за новинарка на весникот „Вест“ да ја раскаже својата приказна:
„Прво пушев марокана (марихуана), а сега сум зависник на кероин (хероин). Вака печалам за леб и дрога. Стоиме во близина на пумпата, оти Грците доаѓаат по бензин. Една партија секс чини 30 евра за нив, поефтино е за нашите. Еден Грк плати 50 евра за да се сексаме додека возеше, друг преку викенд ме носи во хотел и таму имаме секс под туш, на маса, на балкон, ме вика Анџелина Џоли бидејќи сум имала муцки како нејзините.“- вели Џ.М. од Битола.
Од битолската полиција, изјавуваат дека прават чести контроли, но дека ништо не помага. Девојките секогаш се враќаат на улицата каде постојано поминуваат возила со грчки регистрации и покрај кривичните пријави за проституција.
Неколку од битолските проститутки и се веќе познати на јавноста по обвиненијата и за проституција и за кражба. Имено, пред две години З.М. (24) ограбила 10 клиенти, Македонци, Срби, Грци и Албанци додека го задоволувала во нивните возила. Друг случај е битолчанката Е.А. (24), која се преправала дека не и е добро, паднала пред грчко возило а на патот накај болницата го ограбила Гркот кој сакал да и помогне и избегала.
Пронајдете не на следниве мрежи: