Ученик на локалниот колеџ отворил оган во саботата во трговски центар во американската сојузна држава Вирџинија, при што се ранети две жени, јавува Assocaited Press цитирајќи го началникот на локалната полиција Марк Сисон.Инцидентот се случил во трговскиот центар New River Valley Mall во градот Кристианбург. Ранетите жени биле префрлени во блиската болница, а за едната од нив за транспорт бил повикан хеликоптер.Напаѓачот 18-годишниот Нил Алан Мекинис и` се предал на полицијата којашто пристигнала на местото на инцидентот. Тој бил приведен под обвинение за предизвикување тешки телесни повреди и затворен во затворот на округот Монтгомери. Полицијата ги истражува мотивите за нападот.Нападите со огнено оружје во САД особено се по лупата на јавноста откако ланскиот декември во сојузната држава Конектикат, во гратчето Њутаун 20-годишниот Адам Ланза застрела 20 деца на шест и седумгодишна возраст и шест возрасни лица меѓу кои и неговата мајка. По оваа трагедија во американското општество се поведе широка дискусија за ограничување на набавката и поседување на огнено оружје, со предлог закони од страна на претседателот Барак Обама.
Макфакс Ученик на локалниот колеџ отворил оган во саботата во трговски центар во американската сојузна држава Вирџинија,