Центар за обука ЕВА организираше литературен конкурс на слободна тема на англиски или македонски јазик по избор на учесникот. Право на учество имаа лица од ралични возрасти од цела Македонија, кои беа оценувани во две категории, учесници под 18 и учесници над 18 години. Условот беше делата да не се претходно објавувани и да се оригинани авторски дела.Жирито составено од Зорица Петкоска, писател и преведувач, Илина Јакимовска, уредник на онлајн списанието за литература и уметност BookBox на интернет порталот Offnet, Јурак ОТ Петроф, писател и Ева Нединковска, менаџер на Центар за обука ЕВА и филолог, одлучи да ги додели следниве награди:
КАТЕГОРИЈА „НАД 18“
1. Сандра Никчевска – „Поезија“
2. Васко Маглешов – „Пори“
3. Симона Локвенец – „Сонот предавник“
Пофалени:
1. Христина Ангелеска
2. Сабрије Ковачи
3. Вања Таневски
КАТЕГОРИЈА „ПОД 18“
1. Маријана Аспровска – „Барајќи се, се изгубив„ и „Дождот“
2. Драгана Кнежевиќ – роман „Небото на Хелена“
3. Елена Трајковска – „Доаѓам, татко“ и „Немо ехо“
Пофалени:
1. Андреј Паскалов
2. Марија Бојкова
3. Филип Дракалски
4. Марин Малушовски
Наградите се: признанија од ЕВА, целосни и парцијални стипендии за програмата за креативно пишување, објава на делата во онлајн литературното списание BookBox на порталот Offnet, објава на онлајн платформата на книжевните списанија Ш и ИЗЛЕЗ , книги од Англиски центар и организирање на промоција и литературно читање на 18-ти јуни во Културно информативен центар (КИЦ), Скопје.Жирито составено од Зорица Петкоска, писател и преведувач, Илина Јакимовска, уредник на онлајн списанието за литература и уметност BookBox на интер