„Фенербахче“ во Скопје, вечерва кошаркарски спектакл

Кошаркарските ѕвезди  на „Фенербахче“, заедно со поранешниот капитен на македонската репрезентација, Перо Антиќ, слетаа на скопскиот аеродром.Тимот од Турција, предводен од најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ, пристигнаа во најсилен состав. Македонската публика ќе може да ужива во играта на Богдан Богдановиќ, кој се закити со сребрен медал на Олимпијадата во Рио, поранешниот НБА играч Екое Удо, Јан Весели, Луиџи Датоме, Костас Слукас и останатите ѕвезди на “Фенербахче“. Тука е и секако  најголемиот „виновник“ за овој спектакл, нашиот Перо Антиќ
Работнички и Фенербахче вечерва, од 19:00 часот, ќе одиграат пријателски ревијален натпревар, а поводот е 70-тиот роденден на најтрофејниот македонскиот кошаркарски клуб.
Салата во „Борис Трајковски“ ќе биде преполна, билетите за натпреварот се веќе распродадени, а Јавниот сервис МРТ, на својот Собраниски канал, ќе врши директен пренос од овој празник на кошарката..
Натпреварот ќе биде запаметен и по тоа што ќе биде и проштален од  за еден од најдобрите македонски кошаркари Тодор Гечевски, кој после дваесет успешни години на Европските кошаркарски терени, ќе ја заврши својата плодна кариера токму во дресот на „Работнички“.
 Тимот од Турција, предводен од најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ, пристигнаа во најсилен состав. Македонската публика ќе може да ужива

Пронајдете не на следниве мрежи: