Пет деца на возраст од две до десет години се задушиле ноќта кон неделата во страшен пожар кој најверојатно избувнал случајно во домот на нивниот татко кој и самиот е тешко повреден, во Сен-Квентин во северна Франција, во третиот пожар кој ноќта избувна во Франција.Како што пренесува AFP, таткото на 40-годишна возраст, во текот на ноќта го разбудил оган па скокнал низ прозорец и повикал помош, откако безуспешно се обидувал да ги извлече децата од куќата зафатена од пламенот.Сосед раскажал за медиумите дека тој заедно со таткото се обиделе да влезат во куќата, но морале да се вратат поради тоа што пожарот веќе се распламтел.Во гаснењето на пожарот учествувале педесетина пожарникари, но и тие не можеле да влезат во куќата поради „големиот оган“ и „уривање на таванот од првиот кат“, соопштил за агенцијата противпожарниот командир Тиери Оберлен.Густиот чад „многу ја отежнал работата на пожарникарите“ кој на крајот пронашле пет безживотни детски тела, изјавил заменикот началник на полицијата во гратчето Сен-Квентин, Жан-Жак Биаер, прецизирајќи дека децата починале од задушување.Сите деца чиј пол не се споменува, биле на првиот кат од куќата. Четири биле најдени заедно во една соба, а петтото во соседната просторија под прозорец.Обдукцијата, како што најавила локалната полиција, ќе биде извршена во понеделник. Истрагата верува дека пожарот избувнал случајни, меѓутоа сѐ уште со сигурност не е позната причината.Таткото кој се здобил со тешки изгореници дури во неделата попладне до болничкиот психолог дознал дека неговите деца смртно настрадале. Родителите биле разведени, а децата преку викендот биле кај таткото.Во ноќта кон понеделникот пожар избувна и во зграда во северното париско предградие Обервил, при што загинале три лица а петнаесет е повредени. И за овој пожар сѐ уште не е утврдена причината. Еден од станарите на седумкатницата била изградена во 1920-те, но станарите тврдат дека била во добра состојба, изјави дека меѓу станарите избувнала кавга по што некој фрлил молотов коктел. Во моментот на избувнувањето на пожарот во зградата имало шеесетина станари. Пожарот избувнал на третиот кат, и многу брзо се проширил на четвртиот, а во неговото гаснење учествувале двесте париски пожарникари.Во ноќта кон неделата пожар избувнал и во ноќен клуб во близина на градот Кастр во департмантот Тарн во јужна Франција, при што се евакуирани 300 гости на клубот, но не се пријавени повредени или настрадани. Пожарот избувнал рано утрото во неделата на таванот над диско клубот „Nouba rolls“ во селото Леску 20 километри од градот Кастр.Во гаснењето на пожарот биле ангажирани 70 пожарникари, кои велат дека е причинета голема материјална штета, но и за овој пожар не е утврдена причината.
МакфаксПет деца на возраст од две до десет години се задушиле ноќта кон неделата во страшен пожар кој најверојатно избувнал с