Предлог за вкусна вечера!Состојки:
400 гр талијатели
Сос:
80гр путер
1 лажица брашно
450мл млеко
Сол, бибер
200гр свежи шампињони
2 чешниња лук
200мл кисела павлака
Магдонос
40гр пармезан
1 лажица вегета
Подготовка:
Талијателите сварете ги во солена вода
Сос:
Путерот растопете го во тава, додадете ги шампињоните сечкани на листови, исечканиот лук, посолете и кратко динстајте додека не испари течноста. Потоа додадете лажица брашно и зачинете, промешајте па додадете го млекото. Гответе додека сосот не ја добие потребната густина.
На крај додадете го биберот, свежиот магдонос и ренданиот пармезан. Во сосот додадете ја киселата павлака и промешајте. Подготвениот сос додадете го на исцедените сварени талијатели, добро промешајте и сервирајте.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
400 гр талијатели
Сос:
80гр путер
1 лажица брашно
450мл млеко