Вашите најмили најмногу ќе уживаат…Состојки:
Тесто:
750гр брашно
500гр кисела павлака или јогурт
1,5 лажичка сол
1 лажичка шеќер
200гр маргарин
2 прашок за пециво
3 јајца
За полнење:
200гр пилешка шунка
250гр трапист кашкавал
100гр кечап
За премачкување:
1 јајце
Подготовка:
Во сад ставете ја киселата павлака, солта, шеќерот, јајцата и се добро измешајте со жица за матење. Додадете го омекнатиот маргарин , прашокот за пециво и постепено додавајте го брашното и замесете меко тесто. Оставете да отстои 20 минути.
Тестото поделете го на 18 топчиња. Секое топче растегнете го со сукало, но тенко бидејќи тестот ќе нарасне, намачкајте со малку кечап и додадете ги саламата и кашкавалот.
Краевите на тестото премачкајте ги со изматено јајце, преклопете и стиснете со вилушка. Наредете ги на тепсија за печење обложена со хартија за печење, премачкајте ги со јајце и печете на 200 степени, 20-ина минути.Состојки:
Тесто:
750гр брашно
500гр кисела павлака или јогурт
1,5 лажичка сол