Омилен појадок за децата – „Памук печиво“Состојки:
125 гр маргарин
4 лажици јогурт
100 мл млеко
1 лажичка сол
2 лажичка шеќер
1 јајце
1 кесичка сув квасец
550 гр брашно
Фил:
По желба димено месо, колбасици, кашкавал…и сл.
За премачкување:
1 жолчка
Подготовка:
Ставете половина од брашното, сол, шеќер и маргарин, додадете го млако млекото и квасецот и се тоа добро соединете го.
Во таа смеса додадете го јогуртот, јајцето и со постепено додавање на преостанатото брашно, замесете тесто кое не се лепи за раце. Оставете го тестото 15 минути на топло место.
За фил, ситно исечкајте се што сакате, а жолчката изматете ја за премачкување.
Од надојденото тесто првете топчиња со големина на мандарина и ставајте ги во плех. На секое топче со прстот втиснете надолу по средина да се формира дупка.
Премачкајте со жолчка.
Во секоја дупка ставете од филот и добро стиснете. Оставете го тестото уште 15 минути да надојде.
Загрејте ја рерната на 200 степени и печете додека не добијат румена боја.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
125 гр маргарин
4 лажици јогурт
100 мл млеко
1 лажичка сол
2 лажичка шеќер