Кременадли во сос од павлака и сенф

Одлична идеја за брз ручек.Состојки:
4- 6 поголеми кременадли
4 големи лажици супа или вода
4 големи лажици неутрална павлака за готвење
2 кисели краставички
2 големи лажици сенф , малку сол, бибер
2 големи лажици масло
малку сецкан магдонос
Подготовка:
Свинските кременадли малку исчукајте ги со готварски чекан, зачинете со сол, бибер, па пропржете ги на масло. Извадете ги и покриени држете ги на топло место.
Во маслото во кој го пржевте месото додадете ја супата или водата. Додадете ја павлаката и промешајте. Киселите краставички исецкајте ги на ситни коцки, додадете ги во сосот и промешајте. Потоа додадете го и сенфот, магдоносот и кратко прокрчкајте. Зачинете по желба.
Во сосот варатете го претходно спрженото месо и промешајте. Веднаш послужете со прилог по желба- динстан зеленчук, тестенини, пире, ориз и салата.Состојки:
4- 6 поголеми кременадли
4 големи лажици супа или вода
4 големи лажици неутрална павлака за готв

Пронајдете не на следниве мрежи: