Направете си потпечени макарони со топен кашкавалЗа подготовка на ова јадење потребни ќе ви бидат само 30 минути, а ќе добиете вкусен и сочен солен рецепт кој ќе му се допадне на целото семејство.
Потребни состојки:
6 лажици путер
6 парчиња леб
5 ½ шолји млеко
½ шолја брашно
2 лажички сол
1 лажичка бибер
2 шолји кашкавал
1 пакување макарони
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени.
Во мала тава ставете го путерот да се растопи и во него со брзо мешање додадете го брашното сè додека не добиете хомогена смеса. На нив додавајте го полека со мешање млекото додека повторно не добиете хомогена густа смеса како сос. Во неа ставете ги зачините.
Во друго тенџере околу 5 минути варете ги макароните во зовриена вода, а потоа процедете ги и додадете ги во сосот. Додадете ги и шолјите рендан кашкавал. Добро промешајте.
На крајот додадете ги парчињата леб кои претходно сте ги исечкале на коцки.
Вака подготвените макарони оставете ги да се печат во рерна 30 минути.
Добар апетит!
Повеќе рецепти за храна, здрави напитоци и совети погледнете на НАЈАДИСЕ.мкЗа подготовка на ова јадење потребни ќе ви бидат само 30 минути, а ќе добиете вкусен и сочен солен рецепт кој ќе му се допадне на целото семејство.