Лесен колач со овошен јогурт!

Уживајте во овој летен лесен колачСостојки:
10 листови желатин
80гр боровинки
350мл јогурт од боровинки
350мл јогурт од ванила
200мл слатка павлака
Плазма кекс за подлога или некој друг кекс
Начин на подготовка:
Посебно 5 по 5 листови желатин потопете ги во ладна вода и оставете да стојат 10 минути.
Одвоено загрејте го јогуртот од боровинка и јогуртот од ванила, но внимавајте да не зоврие. Исцедете пет листови желатин и измешајте ги во топлиот јогурт од боровинки, мешајте додека желатинот не се раствори, а останатиот желатин додадете го во јогутот од ванила.
Оставете да се олади, штом јогуртот почне да се стегнува додадете изматена слатка павлака, претходно поделена на два дела а во јогуртот од боровинки додадете ги свежите боровинки.
Калапот обложете го со фолија, ставете го јогуртот од боровинки а потоа од ванила, со вилушка помешајте да биде шарено и одозгора наредете го кексот, оставете да се стегне во ладилник.Состојки:
10 листови желатин
80гр боровинки
350мл јогурт од боровинки
350мл јогурт од ванила

Пронајдете не на следниве мрежи: