Вкусен солен ролат

Лесен и многу вкусен, малку необичен солен ролат…Состојки:
400мл млеко
100гр путер
100гр брашно
5 јајца
1 лажичка сол
150гр кремсир
180гр кисела павлака
100гр шунка
Подготовка:
Во 200мл млеко растопете го путерот, додадете го брашното разматено во преостанатите 200мл млеко и сол. Мешајте и гответе додека не почне да се одвојува тестото од садот во кое се подготвува. Во разладената смеса додавајте ги едно по едно јајцата. Печете во тавче обложено со хартија за печење, 20 минути на 200 степени и 10 минути на 180 степени. Печената кора завиткајте ја во мокра крпа како ролат. Измешајте го сирењето и киселата павлака, премачкајте ја оладената кора, наредете ги круговите шунка и завијте во ролат.Состојки:
400мл млеко
100гр путер
100гр брашно
5 јајца
1 лажичка сол
150гр кремсир

Пронајдете не на следниве мрежи: