Полнети домати

Свежо и брзо за подготовка на мезе, идеално за жешките летни денови.
Потребни состојки:
Домати
За филот:
Урда
Јогурт
Крем сирење
Лук во прав  (по вкус)
Сол, црн пипер,
Магдонос
Начин на подготовка:

Измешајте ги намирниците за филот (се разбира без доматите). Добро промешајте.  Исечете ги доматите во форма на чашка (отстранете го нивниот горен дел) и издлабете ја срцевината. Наполнете ги со филот и украсете по желба – со една маслинка или француски магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.