Секс за време на менструација: Сите недостатоци, но и предности

Секс за време на менструација би требало да избегнуваат  жени склони на чести воспаленија, но од медицинска страна не постојат причини против доколку на партнерите им одговара.Околу  20 проценти  од луѓето редовно практикуваат  секс за време на менструација, а дури и  поголем број од нив- повеќе од 60 проценти од мажите и 50 проценти  од жените нема ништо  против него, покажуваат студиите. Сепак, таа тема често се наметнува како  табу тема, а ви ги донесуваме сите негови предности и недостатоци, бидејќи изборот на крај е на самиот пар
Предности
Докторите велат- само повелете
Доколку на жената сексот за време на менструација  е  удобен и не чувствува болка- сексот за време на менструација е сосема природна работа, велат докторите. При тоа не треба да се грижите околу евентуалната темна крв и  згрутчување, тоа а само постара крв и клетки од ендометриум  кој  се излупил. Сепак, за да избегнете големи крвавења, најдобро  е да се воздржите од секс во првиот или вториот ден од циклусот.
Помага при грчеви
За време на оргазам телото испушта ендорфин и допамин кои делуваат како природен анелгетик, наместо оние фармацевски кои жената евентуално жената би ги пиела поради болка.
Може да ја скрати менструацијата
Со секој  оргазам контракциите и грчевите го  забрзуваат лупењето на ендометриумот, што нормално се случува за време на менструација, па сексот може да ја скрати менструацијата со забрзување на процесот на исфрлање на крв.
Поголем број жени  во тие денови имаат  посилно либидо
Кај жените со  уредна менструација, во третиот ден од циклусот обично расте нивото на хормоните тестостерон и естроген, кои управуваат со половата желба. Поради тоа кај голем број жени либидото во тие денови е појачано.

 
Недостатоци
Неуреден е
Реалност е дека при секс во циклус ќе има крвави дамки, па поради тоа се советува да го правите тоа под туш или на кревет, но со  крпа.
Ограничени пози
Поради крвавењето, најчесто се практикува мисионерската поза во која мажот е горе, а жената статична.
Не штити од бременост
Поголем број луѓе погрешно веруваат дека за време на циклус нема ризик, но  голем број деца се зачнати токму поради таа логика. Тоа посебно се однесува на жените кои немаат  правилни циклуси.
Проблематичен кај чести воспаленија
Кај жените склони на разни воспаленија, ѕидовите на матката и општо ткивото е многу поранливо поради што може да дојде до влошување на инфекциите или нивно повторно  јавување.Околу  20 проценти  од луѓето редовно практикуваат  секс за време на менструација, а дури и  поголем број од нив- повеќе од 60

Пронајдете не на следниве мрежи: