Можеби ОВИЕ постапки на момците ви изгледаат СИМПАТИЧНО, но кажуваат дека станува збор за ТИП кој има СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ

Можеби на прв поглед ви се чини дека неговите постапки се доказ за неговата љубов, но…ова тоа дефинитивно не е!1. Кога ќе излезете со пријателките постојано ви праќа пораки
Прво добивте порака „убав помин“ на што одговоривте „благодарам“ и бакнеж. Баш е сладок. Односно би бил сладок ако застанал до тука., но до крајот на вечерта стигнале уште дваесетина негови пораки, поради кои ноќта ја поминавте со носот зариен во мобилниот.
Се обложуваме дека другата порака гласела „како се забавувате“, а третата (која стигнала после тоа што на втората не сте му одговориле во рок од 10 минути) „ми недостигаш“ или „веројатно не ме заборави веќе“. Очигледно станува збор за несигурно момче кое се обидува да ве контролира.
2. Коментира како сте облечени
Минатата недела кога облековте мини здолниште, намерно ви рече: „Драга, мислам дека заборави да го облечеш долниот дел“. Иако во тоа исто здолниште бевте и кога прв пат ве запозна. Во неколку наврати ви коментира: „Во тоа тесно фустанче изгледаш како народна пејачка“ и тоа пред друштво, а  пред вашата мајка констатира дека би можеле да почнете да се облекувате малку посериозно бидејќи повеќе не сте мало девојченце.
Mажите се неверојатни. Додека „ја бркаат“ девојката, не им пречи што е минимално облечена, но кога ќе ја освојат онаа која ја сакаат, одненадеж стануваат конзервативни. Станува збор за љубоморно момче. Бегајте подалеку.

 

3. Што и да го замолите одговара со „Да, драга!“
Не го вели тоа бидејќи планира да ве послуша или затоа што воопшто ве слуша, туку бидејќи мисли дека имате премногу барања, дека го гњавите и дека се мора да биде по ваше, но нема храброст да ви го каже тоа, па се обидува да биде духовит.
4. Кога ќе се скарате, им се јавува на вашите другарки
Не го прави тоа за подобро да ве разбере, добил мислење од „трета страна“ и ја поправил вашата комуникација, за да ве фати во лага или се обидува вашата пријателка да ја „придобие“ на своја страна.1. Кога ќе излезете со пријателките постојано ви праќа пораки
Прво добивте порака „убав помин“ на што одговори

Пронајдете не на следниве мрежи: