МОМЦИТЕ ПРИЗНАА: Ова се особини на жената која ќе го освои срцето на секој маж!

Момците искрено признаа со каква дама баш секој би посакал да го помине остатокот од животот! Читајте и усвојувајте!Жена на која целосно и во секој момент може да и верува
Довербата е темел на кој се градат апсолутно сите врски. Момците сакаат покрај себе да имаат жена на која ќе можат да и ги признаат најмрачните тајни и слабости без страф дека таа ќе се смее или погрешно ќе сфати.
Жена која го подржува дури и тогаш кога сака да ја напушти работата за да ги следи своите соништа и да стане писател или уметник
Да можеби звучи лудо, но зарем сите ние не сакаме покрај себе личност која ќе ни даде ветар во грб во моментите кога најмногу подзастануваме. Исто така размислуваат и момците. И тие не сакаат само неодолива и секси девојка која ќе клима со главата, туку и таква која на нивните најголеми лудости ќе рече „Ајде да го направиме тоа“.
Мотивирана и амбициозна жена која не го троши своето време само на шопинг и социјални мрежи
Момците признаа дека ги плашат површни жени кои секој дел од своето слободно време го поминуваат во барање на наубава слика за на Инстаграм или омилен фустан за излегување. И мораме да се согласиме дека се навистина во право.
Жена која сака да го поминува времето со нив (но не 24/7)
Момците сакаат да имаат простор и не сакаат да се откажат од дружбата со другарите само затоа што ја запознале жената на својот живот! Тие сакаат и нивната избраничка да има свој живот, хоби, друштво, обврски и никако целиот свет да не се сведе само на љубовниот однос.
Жена со која ќе може да има исклучителен секс
Сексот не е најважната ставка во врската (ни за мажите), но е една и те како од најважните. Да се разбереме, тоа не значи дека момчето наоколу треба да ја бара божицата во сексот, туку некоја со која ќе биде компатибилен целиот живот.

 
Жена која сака да се менува и прилагодува
Не е тоа што го помисливте кога ја прочитавте реченицата. Момците само сакаат девојка која е спремна да вложи барем милиметар труд за да го промени тоа што му пречи во нивниот заеднички однос.
Жена која ќе го сака без оглед на се
И која ќе биде верна и само нивна…
Жена која нема да престане да го изненадува, без оглед на промените кои настануваат поради животните околности
Не е важно дали е во прашање секс, роденден, годишнина или сосема обичен ден…Сите сакаме изненадувања и токму тие ја прават врската жива и односот хармоничен. Повремен стриптиз, изненадна секси порака или едноставно омиленото слатко е се што ќе го освои машкото срце.
Жена која кажува што точно мисли
Без метафори, скриени пораки или толкувања…Момците се едноставни суштества и сакаат од својата поубава половина да го чујат точниот тек на нејзините мисли за да знае дали нешто погрешил или не.
Жена која сака да учи и да се развива со него
Едноставно сака личност со која ќе има долг и исполнет живот.Жена на која целосно и во секој момент може да и верува
Довербата е темел на кој се градат апсолутно сите врски. Момците с

Пронајдете не на следниве мрежи: