Откријте КАКОВ ПАР сте во сексот!

Не постои пар кој нема да рече дека е единствен, но се покажало дека всушност постојат неколку видови на парови, во кои можеме сите да бидеме сведени.Секој пар би сакал да биде единствен и посебен, и на некој начин е, но пошироко гледано, сексуалните терапевти и експерти тврдат дека можат да се идентификуваат шест видови парови според нивното однесување во текот на сексот.
Секако, главен предводник на идејата е сексуалната терапевтка Трејси Кокс, која вели дека паровите можат да се поделат според главните карактеристики во категории.
1.Можеби е најлесно да се почне со здравиот пар, кој се состои од две личности кои сакаат да го задржат сопствениот идентитет и да бидат со некого. Ви случај ако тоа се две отворени и неоптоварени личности, големи се шансите врската да биде долга. Истовремено, тие се во состојба да комуницираат за своите сексуални потреби, па не им недостасува страст, а исто така и двајцата иницираат секс.
2.Разделен пар е оној чија што љубов секогаш изгледа како да е на работ на пукање, поради заштитата на индивидуалните права и идеи, но сексот е многу динамичен и полн со страст поради постојаниот страв од можно раскинување во реалниот живот.

3.Страствениот пар е длабоко заљубен, без оглед што обично се работи за драстично различни карактери, па кај некои од овие парови љубовта после некое време згаснува. Секс има доста, и тоа многу, многу добар. Колку се партнерите поразлични, толку сексот е пострастен, а кога врската ќе влезе во криза, намалувањето на сексот го погодува само партнерот кој го доживува како потврда на љубовта.
4.Испреплетениот пар го сочинуваат многу блиски личности, како да се врзани со папочна врвка, бидејќи се прават заедно и имаат попримено заеднички карактеристики и размислувања. Двајцата се лојални на таквата врска, па сексот на почеток е одличен, но полека станува бледа копија и затоа во оваа врска треба да се вложи најмногу труд.
5.Практичниот пар за се прво размислува со главата, а не со срцето, па со текот на времето се раѓаат и силни емоции, што е многу подобро отколку во врска да се влезе со погрешни очекувања. Проблемите во сексот се јавуваат на почеток, но после се доаѓа на свое место.
6.За крај, личностите кои припаѓаат на опуштениот пар, после неколку средби сфаќаат дека се создадени еден за друг и тоа на здрав начин, па се опуштени од самиот почеток, а тоа и сексуалниот живот го прави хармоничен.Секој пар би сакал да биде единствен и посебен, и на некој начин е, но пошироко гледано, сексуалните терапевти и експерти тврдат дека можат да се и

Пронајдете не на следниве мрежи: