Како да ја преживеете средбата со поранешниот партнер

Ма колку и да сте се сакале некогаш, средбата со поранешниот не може да биде пријатно искуство.Повеќето би сакале никогаш да не се сретнат со поранешниот партнер, но тој момент е главно неминовен, поготово доколку живеете во ист град.
Дури и кога мислиш дека си потполно подготвена, дека поминал доволно долг период и дека повеќе ништо не може да те изненади, таа средба обично станува неспретна и чудна.
Еве неколку совети како таа средба да биде што понормална.
За почеток, имај на ум дека можеш да го избегнеш. Доколку не си подготвена за безгрижен разговор со него, игнорирај го кога ќе го видиш, помини на другата страна на улицата, сокриј се… Не е многу достоинствено, но може да ти ги сочува нервите.
Доколку сепак одлучиш да се соочиш со минатото, немој премногу да се трудиш, сепак тоа е само случајна средба. Вдиши длабоко, опушти се колку што можеш повеќе, не инсистирај на тоа колку ти е добро откако не сте заедно. Кратко поразговарај со него, сослушај го што има да ти каже и тргни понатаму. Доколку разговорот потрае, би можел да го сфати тоа како да сакаш да поминеш време со него и дека ти недостигал.
Што и да правиш, немој да бидеш непријатна кон него. Со љубезноста покажи дека сега си над целата „ваша приказна“. Дури и да е со нова девојка, биди срдечна, отсуството на твојот бес и лутина кон него може да значи само едно – дека си го преболела.
Клучно е ти да го иницираш крајот на разговорот, било со изговор дека брзаш некаде, бидејќи само така ќе делуваш дека оваа средба како и вашата мината врска повеќе не ти се важни.Повеќето би сакале никогаш да не се сретнат со поранешниот партнер, но тој момент е главно неминовен, поготово доколку живеете во ист град.

Пронајдете не на следниве мрежи: