Брзиoт секс за мажите значи…

Двата слатки зборови „Те сакам“ на мажите не им значат толку многу како на жените. Тоа е така бидејќи жените се вербални, а мажите визуелни типови. Додека тие се занимаваат со анализа, партнерот реагира импулсивно. Токму поради тоа на мажите многу полесно ќе им покажете што чувствувате доколку зборовите ги претставите со дела. Кога сте со него, посветете му се целосно.
– Кажете му „те сакам“ и долгото водење љубов понекогаш заменете го со брз секс.
Прочитајте ги и другите совети:
Сака да биде заштитник, но брзо ќе се засити од принцезата
Низ чувството дека ви е потребен тој чувствува дека го сакате. Но, тоа не значи дека морате да глумите принцеза на зрно грашок.
Бидете му подршка во моментите кога истата му е потребна.
Црвен фустан и малку шминка ќе го излудат
Машкиот мозок реагира на визуелните сигнали многу повеќе од женскиот. Облечете секси фустан, а тој тоа ќе го преведе како: „Те посакувам и се трудам да изгледам убаво за тебе“.
Освен тоа жена во црвен фустан е вистински афродизијак за мажите.
„Те сакам каков што си и не сакам да се менуваш“
Предложете му денот да го помине со пријателите, да игра сони или да спие.
Со тоа ќе му покажете дека има подршка и слобода да го покаже неговото „најлошо“ издание.

Ден без малтретирање, грижи и обврски за некого се подарок од срце.
Комплиментот е воодушевување, а воодушевувањето е знак за љубов
Дозволете му во вашите очи да се однесува како заштитник, мајстор за се, виртуоз, секси и ваш принц на бел коњ.
Комплиментите на сметка на неговиот изглед или сила, се израз за љубов на мажите.
„Благодарам“ е помоќно од „Те сакам“
Кога ќе го однесе детето на училиште или изнесе ѓубрето, кажете му: „Благодарам што го направи тоа“.
Едноставното благодарам ќе направи голема промена во вашиот однос, а е помоќно дури и од „Те сакам“.
Со прашањата му покажувате дека ви е потребен
Побарајте од него совет, покажете му дека имате доверба во него и тој ќе се чувствува убаво. Откако ќе го реши проблемот, мажот ќе се чувствува корисно и способно.Токму поради тоа на мажите многу полесно ќе им покажете што чувствувате доколку зборовите ги претставите со дела. Кога сте со него, посветете му се

Пронајдете не на следниве мрежи: