Што научив од губењето на невиноста

Миранда има 17 години и открива  во својата исповест што научила по губењето на невиноста.Сексот од секогаш бил табу тема, поготово во перодот на растењето. Се чувствувате неудобно да зборувате  на оваа тема и преставува  „работи кои се дозволени само за брачните луѓе“.
Одев во многу конзервативно христијанско училиште, единствената работа за која размислувавме беше апстиненцијата. Секој кој имал секс надвор од бракот беше непристоен и посрамотен. Тоа е она што научив до 13 години. Ми беше непријатно да размислувм за тоа дека луѓето воопшто имаат секс.
Во средно училиште станував љубопитна. Не ми беше јасно зошто е толку важна невиноста.
Невиноста ја изгубив на 16 години со момче кое едвај го познавав и беше навистина забавно. Не беше страшно. Не се промени ништо важно, ниту пак се почувствував помалку добра од останатите. Сега кога знам дека сексот не е ништо страшно, почнав да правам истражување: како да имате сигурен секс, погрешни работи во сексот – било што би помогнало во разбирање и едукација во таа област. Сакав да разберам зошто луѓето гледаат така негативно на сексот.

Она што го дознав е дека постојат многу лажни информации. Има многу традиционални возрасни кои веруваат дека можат да спречат нешто доколку воопшто не зборуваат за тоа. Знаев дека тоа е погрешно.

Помина скоро година дена од моето прво искуство и еве што научив: може да биде важен или несериозен, но се зависи од тебе. Мора да постои привлечнопст меѓу партнерите и мора да постои заштита. И момчињата и девојките  мораат подеднакво да уживаат во сексот. Природен е и забавен.
Девојките морат да одат редовно на преглед, а мажите мораат да носат презервативи. Тола им го велам на сите кои планираат да имаат секс. Вознемирувачки е фактот што моето училиште и многу други не пружаат  никакво образование во оваа област. Застрашувачки е колку малади луѓе не ги знаат основните работи за сексот. Користи заштита и биди одговорен.Сексот од секогаш бил табу тема, поготово во перодот на растењето. Се чувствувате неудобно да зборувате  на оваа тема и преставува  &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: