13 врсти на секс кои морате да ги пробате барем еднаш!

Во текот на животот сте имале различни сексуални искуства: било страсти, некои лоши одлуки, експериментирања кои не прошле според планот и сите оние добри и лоши работи помеѓу. Следните неколку упатства може да ви помогнат да сватите каков секс најмногу ви одговара.Неспретен прв секс – Тоа можеби е искуство кое би сакале да го повторите, но тоа е еден главен чекор во вашата “сексуална кариера”. Од тој момент, вие можете да бидете само подобри, додека не го достигнете “оној прав секс”.
Првиот пат кога веќе знаете што правите – Иако треба да пројдат неколку неуспешни обиди, еден ден се ќе си дојде на свое место. Тогаш веќе не си аматер кој пробува да го погоди следниот чекор, веќе добуваш самодоверба во сексот.
Секс без двоумење – Дали ќе се случи кога ќе се чувствуваш храбро на летување или кога ќе испиеш некоја чаша повеќе, ова е секс кој тотално заборавате на сите граници и пробувате работи за кои никогаш не сте имале храброст.
Секс за помирување – По добар секс, кој воопшто се сеќава како почнала кавгата? Но бидете внимателни, тој неверојатен оргазам не треба да биде поттик да започнете кавга следната недела.
Секс кој “крши се околу себе” – Ова е момент кога сте толку надвор од себе од уживање, немате никаква контрола над своите движења. Понекогаш може да се скрши ламба, да се искине завесата од туш кабината, да се скрши креветот или да се истури чаша вино на лаптопот. Сепак вреди – ќе имате што да раскажете на пријателите.
Утрински секс за кој доцните на работа – Понекогаш потребно ви е нешто посилно од звукот на алармот, но исто така и да ви го разубави денот. Ќе стигнете на работа со румено лице, но сепак ќе бидете среќни.
Кога не верувате што сте направиле во сексот – Морате да признаете дека колку-толку постои “откачена работа” во сексот која сте ја пробале или сакате да ја пробате. Дали е тоа секс на јавно место, употреба на сексуални помагала, тројка или групен, не е важно – во сексот се е дозволено. А ќе можете да прешкртате нешто од “морам тоа да го направам” листата.

Поза која никогаш не би ја поновиле – Поголемиот дел од луѓето во својот сексуален живот, барем еднаш се здобиле со некоја повреда. Но тоа не значи дека не треба да експериментирате со позите. Така можете да дојдете до онаа поза во која врвот на задоволството ви е најсилно..
Гласен секс – Во сексот некогаш морате и да заборавите на убавите манири и да уживате на цел глас. Секако, тоа нема да им се допадне на вашите соседи, но едноставно следното утро пробајте да не ги сретнете и се ќе биде во ред.
Секс за збогум – Ако ја раскинете врската, или веќе сте раскинале, или пак пробувате да ја одржите врската на далечина, ова ќе биде малку болно искуство, но затоаљ ќе биде премногу страстно.
Секс со добра музика – Доколку сеуште ја немате “онаа права песна”, подитно морате да ја пронајдете. Таа песна ќе ви стане сексуален надразник и тогаш предиграта нема ни да биде потребна.
Пасивен секс – Добриот секс во повеќето случаи, подразбира тимска работа, но барем еднаш во животот морате да искусите чувство дека вас некој во потполност ќе ве задоволи. Секако, таквата услуга ќе морате да ја возвратите.
Заљубен секс – Кога сте лудо заљубени во својот партнер, секогаш мора да биде огномет во креветот. А под тоа, мислиме на неколку оргазми по ред. Со многу мазење и љубов.Неспретен прв секс – Тоа можеби е искуство кое би сакале да го повторите, но тоа е еден главен чекор во вашата “сексуа

Пронајдете не на следниве мрежи: