Ако разликата во годините помеѓу вас и партнерот е повеќе од десет години, постои ризик дека влетувате во минско поле.
Начинот на живот не ви е синхронизиран
Ако тој има 25 години, без размислување ќе го промени работното место и ќе се пресели на другиот крај на светот. А, ако вие имате 35 години, веројатно веќе имате изградено стабилна кариера. Исто така тука играат улога и децата. Ако тој има 23, а вие 33, можеби ниту еден од вас не е подготвен за семејство, но на 36 години вие ќе бидете подготвени, но не и вашиот дваесет и шест годишен партнер.
Може да се создаде сексуален проблем
Да одржи цврта ерекција му е полесно на момче од дваесет и две години, одколку на оној кој има триесет и две. Но, тој можеби сеуште не научил како вистински да ја задоволи партнерката и во таа смисла за него не е најдобара триесетгодишната партнерка која има многу поголемо сексуално искуство.
Може да чувствувате притисок од средината во која живеете
Ако имате дваесет и нешто години, а тој се приближува до педесеттата, или ако изгледате во согласност со својата возраст, но тој изгледа многу постар отколку што навистина е, луѓето би можеле да почнат да се сомневаат во вашата врска и да ве озборуваат. И не е важно дали тоа го сториле зад вашиот грб или биле целосно отворени кон вас. Борбата со предрасудите во врска со годината може да биде вистински предизвик.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Ако разликата во годините помеѓу вас и партнерот е повеќе од десет години, постои ризик дека влетувате во минс