Преостанува уште помалку од една недела до празникот на жената, 8ми март, па така, прашањето за подароци се актуелизира секоја година.
По тој повод, група социолози решиле да направат истражување околу тоа кои се најпопуларните подароци за 8ми март.
Дојдено е до заклучок дека 70% од жените најмногу сакаат букет цвеќе, а за среќа на мажите, исто толкав процент од нив токму тоа и го подаруваат.
На второ место по популарност се наоѓаат парфемите и козметичките средства. Омилената тоалетна вода во улога на празничен подарок ја посакуваат 26% од жените, а 27% од мажите подаруваат ваков тип на подарок за 8ми март.
На трето место по посакуваност се наоѓа накитот, но значително помал дел од мажите подаруваат накит за овој празник.
Следна категорија на подароци која жените ја сакаат се слатки нешта – тука спаѓаат бонбониери, торта, чоколадо. Ваков подарок обично поклонуваат машките испитаници над 60 години.
Девојките на возраст од 25 до 34 години исто така би сакале секси долна облека за подарок, а оние до 24 многу би се израдувале на кадифено мече-играчка.
Најнепопуларни подароци се апарати за домаќинство – се надеваме дека мажите кои ќе го прочитаат ова ќе им биде корисно при изборот за поклон за 8ми март за своите сакани дами.
Извор: lady.mk
Преостанува уште помалку од една недела до празникот на жената, 8ми март, па така, прашањето за подароци се акту