5 парчиња кои најдобро облечените жени на светот никогаш не ги носат

Французинките се олицетворение на современата елеганција и одличниот стил, па затоа не нè чуди што и понатаму се сметаат за најдобро облечени жени на светот.Во продолжение, погледнете што тие одбегнуваат да носат и зошто. 
Push-up градник
Додека жените ширум светот се трудат да го зголемат своето деколте со помош на градник, Французинките во глобала не се оптоваруваат со тоа. За нив и малите гради се сензуални и затоа нема да посегнат по push-up моделот, туку ќе носат класични модели или пак нема воопшто да носат градник.
Вртоглаво високи потпетици
„Французинките никогаш не би носеле чевли со превисока потпетица. Никогаш нема да забележите Французинка во чевли какви што на пример носи Лејди Гага“, изјавила француската модна блогерка Лабериан Понтон.
Најдобро облечените жени на светот играат на карта на современа елеганција, па затоа одбираат чевли со рамна потпетица како што се балетанките, а кога се во прашање чевлите со висока потпетица, тогаш остануваат верни на класичните салонки.
Истакнато име на брендот
Французинките сакаат едноставност, па затоа не ги ни истакнуваат брендовите кои ги носат во своите комбинации. “Избегнувам носење на облека или акцесоари со истакнато име на брендот. Сметам дека луксузот е начинот на кој се носи облеката, а не покажување на модните брендови”, смета француската блогерка Токиобанбао.
Хулахопки во боја на кожа
За поголемиот дел од модните експерти, ова парче веќе долго време го бие лош глас. Илузијата на голи нозе за нив е непожелна бидејќи тие секогаш се залагаат за хулахопки во други бои. Французинките апсолутно се согласуваат со нив: “Никогаш не носам хулахопки во боја на кожа. Тоа е најлошата работа во модата”, вели Валентина Ванес.
Спортска облека и обувки надвор од спортските пригоди
Тренерките и патиките се наменети за вежбање или за некоја активност на отворено. Французинките никогаш нема да ги видите во тренерки кога ги извршуваат своите секојдневни обврски, а уште помалку за пригода која не е тесно врзана со спортска активност.
 Во продолжение, погледнете што тие одбегнуваат да носат и зошто. 
Push-up градник
Додека жени

Пронајдете не на следниве мрежи: